ИнфотоурсИнфотоурс
Forgot password?

Bella ITALIA

Bella ITALIA

 

Не ги пропуштајте: Милано – Лугано Комо – Торино – Сиена -Чинкве Тере – Фиренца

ТЕРМИНИ:
24.06.2017; 15.07.2017; 29.07.2017; 13.08.2017; 03.09.2017

 

1 ден СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден МИЛАНО

Пристигнување во Милано следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе… Сместување во хотел Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот (индивидуално)… Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден МИЛАНО ТОРИНО – Монтекатини Терме

Појадок. После појадокот заминување за Торино. Пристигнување во Торино во пладневните часови, разглед на градот : Mole Antonelliana (маркантна зграда изградена уште во 1888 како Синагога висока 167,5 метри), Duomo di Torino (во кое се наоѓа Торинското платно за кое се верува дека бил покриен Исус Христос), Palazzo Madam, Castello del Valentino… Слободно време за индивидуална прошетка и разгледување на градот. Во попладневните часови поаѓање за Монтекатини Терме. Во доцните вечерни часови пристигнување, сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден Монтекатини Терме – Сан Џемињано – Сиена – Монтекатини Терме

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio... Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

6 ден Монтекатини Терме – Чинкве Тере- Монтекатини Терме

Појадок. После појадокот (07:00ч.) заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од  5 селца: Manarola и Riomaggiore  Monterosso al Mare (можност за уживање на преубавата плажа која ја нуди ова мало Лигурско крабрежно селце, подолга пауза), Vernazza кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен светски туристички центар. Враќање во La Spezia. Враќање во Монтекатини Терме. Ноќевање.

7 ден Монтекатини Терме – Фиренца

Појадок. После појадокот (08:00 ч.) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на ФИРЕНЦА. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за пасошка, царинска конторла и паузи за одмор. Патување преку Словенија, Хрватска и Србија.

8 ден Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289/ 17.910

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Милано или околина
  • Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме или околина
  • Организиран разглед на Милано со локален водич
  • Организиран разглед на Фиренца со локален водич
  • Организиран разглед на Торино со локален водич
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса за ноќевање во Милано 3-5€ по ден (се плаќа во хотелот)
  • Туристичка такса за ноќевање во Монтекатини 1-5€ по ден (се плаќа во хотелот)
  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на Wi-Fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 40€
  • За купени 3 факултативи – ГРАТИС КРСТАРЕЊЕ НА ЕЗЕРОТО КОМО
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

 

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници