ИнфотоурсИнфотоурс
Forgot password?

Хрватска

МАКАРКСА(автобус)

Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел – Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, – кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице… би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу… Близината на островите Брач, Хвар, Корчула… планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир… како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи… се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар… се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.

Пакет аранжман: 7 ноќевања, со вклучен превоз

01.ден СКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:45 часот на паркингот пред спортска сала “Борис Трајковски“, заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
02.ден МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.
од 03. до 08.ден МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

09.ден
МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови (во 16:00ч.). Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.
10.ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
МАКАРСКА по лице ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ
приватно сместување термин BUS 30 7 14 21 28 4 11 18 25
(7 ноќевања + превоз) термин check-in услуга 1 8 15 22 29 5 12 19 26
ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ 1/2 соба (twc) 7 N 179 189 199 199 199 199 199 189 179
до 31.мај 7 N 162 171 180 180 180 180 180 171 162
1/2 соба (twc) 7 HB 279 289 299 299 299 299 299 289 279
до 31.мај 7 HB 252 261 270 270 270 270 270 261 252
JOVIC & JELAS House   1/2 соба (twc) 7 N 189 199 209 209 209 209 209 199 189
до 31.мај 7 N 171 180 189 189 189 189 189 180 171
1/2 соба (twc) 7 HB 289 299 309 309 309 309 309 299 289
до 31.мај 7 HB 261 270 279 279 279 279 279 270 261
Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица во соба.
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -10%.
– Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -20%.
– Дете 0-2 години: бесплатно
– Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
– Употреба на кујна, за период: 12 EUR по лице (со резервација)
– Употреба на клима уред, се доплаќа во објектот (каде што е достапно)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) на база 7 ноќевања
– Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса: 7 EUR по лице, 3,5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
– Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме – полиса без франшиза)

ЗАБЕЛЕШКИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО МАКАРСКА:
(само билет): 80 EUR / 50 EUR (за деца до 12 год.)