ИнфотоурсИнфотоурс
Forgot password?

Сингапур – Малезија – Тајланд

ПОАЃАЊЕ: 03. ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

13 ДЕНА / 12 НОЌИ

Сингапур – Малезија – Тајланд (Costa Fortuna)

Costa Fortuna е брод направен за Costa Crociere во 2003та година од Destiny класата. Инспириран е од старите италијански парни бродови. Модели од овие бродови може да се видат во заедничките простории на бродот. Во атриумот модели од 26 стари и сегашни бродови од флотата на Costa се поставени наопаку на таванот, заедно со самата Costa Fortuna. Помеѓу 10 и 16 декември 2018 се наоѓаше на обнова, и првото пловење потоа ќе го има во март 2019.

Атмосферата на Costa Fortuna е многу интернационална со специјален фокус на италијанскиот начин на живот. Начинот на облекување е неформален. На неколку дена во главниот ресторан има гала вечери со поелегантен код на облекување. Бродот е добро прилагоден за семејства и многу деца и тинејџери. Има четири различни ресторани вклучувајќи го и Клуб Ресторанот. Исто така има и 11 барови меѓу кои Cognac & Cigar Bar и Coffee & Chocolate Bar.

Секоја вечер различни шоуа се организираат во големиот театар. Покрај тоа има казино, дискотека, 4D кино огромен воден тобоган и продавници. Пред секоја екскурзија на брегот се одржуваат презентации за подготовка. За љубителите на спортот има огромна теретана и надворешно игралиште. Патниците кои се заинтересирани за велнес и релаксација можат да го испробаат Самсара Спа центарот со големина од 1300 метри квадратни иили да учествуваат во спортски часови или специјални третмани

Ден 1 – Скопје – Доха – Сингапур

Состанок на патниците на аеродромот Скопје 10:00 часот. Полетување за Доха во 11:55 (лет QR 306). Оброк во авион. Слетување во Доха во 18:50. Полетување за Сингапур во 20:15 (лет QR 942). Оброци во авион.

Ден 2 – Сингапур

Слетување во Сингапур во 09:15. По царинските и пасошки формалности трансфер до хотелот и попатно панорамско разгледување на Сингапур. Сместување во хотелот, слободно попладне и ноќевање. Инфраструктурата на островската република ви овозможува уживање на бројни локации и атракции безбедно, чисто и зелено опкружување. Сингапур уште го викаат и Garden City заради бројните градини паркови и бујна вегетација. Неговата убавина ја дополнува и културното наследство.

Ден 3 – Сингапур

Појадок. Можност за факултативен разглед на Сингапур. Градот ги обединува неколкуте религии и култури, малајската, кинеската, арапската, индиската и англиската. Островот лежи на еден степен северно од екваторот и ги опфаќа Сингапур и 58 помали острови. Сингапур како главен град зафаќа 1/3 од главниот остров. Секоја енклава има свој специфичен шарм, од ароматичните продавници на зачини Little Indiа, трошната Кинеска четврт, или арапскиот дистрикт.

Ден 4 – Сингапур – Крстарење

Појадок во хотелот. Слободно претпладне до трансферот за бродот околу 12:30 часот. Чекирање на бродот Коста Фортуна. Уживање во содржините на бродот. Испловување во 20:00 часот.

Ден 5 – Порт Кланг – Куала Лумпур

Можност за факултативен разглед на Куала Лумпур во траење од 6 часа. Ќе бидете воодушевени од бројноста на бродскиот сообраќај. Малезија е една од најразвиените држави во Азија. Се наоѓа на Малезискиот полуостров, се состои од 13 држави – покраини и еден федерален дистрикт и, еден дел на островот Борнео – Саравак и Сабах, стратешки поставени на многу значајна географска положба помеѓу Кинеското море и Индискиот океан до кој води многу значаен поморски пат низ теснецот малака по кој и ние пловиме.

Ден 6 – Лангави – Малезија

Најпознатиот малезиски остров – туристичка дестинација. Можност за уживање на преубавите плажи.

Ден 7 – Пукет -Тајланд

Најпозната и најпосакувана туристичка дестинација на Тајланд. Два дена можност за уживање во убавините на Пукет. Тајланд, земјата на слободата и насмевките како популарно се нарекува, ќе ви понуди уживање во природните убавини, запознавање со будистичките културно историски споменици, вкусната храна и незаборавен ноќен живот. Да не ја заборавиме и тајландската масажа.

Ден 8 – Пукет – Тајланд

Тајланд е единствената земја од индокинескиот полуостров која ја сочувала сопствената слобода во колонијалното време. Заради своите убавини, гостопримливоста и својот шарм со децении наназад ги привлекува туристите од целиот свет. Најдобро ќе ја доживеет ако малку “подзастанете”, ако гледате на работите онака како што на нив гледаат тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот таков каков што е и уживаат во се…

Ден 9 – Пенанг – Малезија

Градот George Town е град на уличната уметност и рај за храна на тој дел од светот. Уживаме истражувајќи го овој колоритен град.

Ден 10 – Крстарење

Ден за уживање во содржините на бродот Коста Фортуна.

Ден 11 – Малака – Малезија

Историски град во истоимената држава Малака во Малезија е град кој вреди да се посети зошто Сингапурците викаат, Посетувајќи ја Малака, сте ја виделе Малезија. Денот го користиме за истражување на градот.

Ден 12 – Сингапур

Пристигнување во Сингапур. По завршувањето на формалностите за искрцување од бродот, целодневни активности низ Сингапур се до времето за трансфер до аеродромот. Полетување за Доха во 20:45 (лет QR 947). Оброци во авион.

Ден 13 – Скопје – Доха – Сингапур

Слетување во Доха во 00:20. Полетување за Скопје во 07:15. Оброци во авион. Слетување во Скопје во 10:55.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

– авионски превоз на наведените релации
– сместување во двокреветни стандард соби во хотели со 4* ( локална категорија )
– услуга на храна според програмата
– сите разгледи и трансфери според програмата
– панорамски разглед на Сингапур
– локални водичи во текот на разгледите
– трошоци за организација на патувањето
– како и пратител – техничко водство од Скопје

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

– аеродромски такси 260 еуро по лице
– пристанишни такси 160 еуро по лице
– виза за Тајланд 50 еуро
– меѓународно патничко здравствено осигурување
– факултатитвен разглед на Куала Лумпур 70 еуро
– факултативен целодневен разглед на Сингапур 130 еуро

ВИЗИ

Визи обезбедува агенцијата по прибирање на потребната документација од страна на патникот. За виза е потребен пасош со важност од најмалку 6 месеци, 2 слики 5х5 см со светла позадина, 1 форумулар, 50 евра. Визата се добива во рок од неколку дена. Цената и условите за виза се променливи.

СМЕСТУВАЊЕ

Името на хотелот според горенаведената категоризација ќе биде познато по формирање на групата, Брод Коста Фортуна. Агенцијата организатор на ова патување строго води сметка за сместувачките единици.

НАПОМЕНА

За реализација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

За реализација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на моменталниот пазар и слично.