Вила Вагиос – Платамона


РАН БУКИНГ 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 31.01.2026.

 Во  1/3  студијата  плаќаат две лица цена по лице, во 1/4 дуплекс апартмани плаќаат три лица цена по лице 

ЦЕНИТЕ во табелата се за наем на апартман / 7 ноќевања

Опис

Вилата Вагиос се наоѓа на сама плажа. Располага со една двокреетна соба, две трокреветни соби и една четворокреветна соба. Сите соби имаат тераси, опремени кујни, бања,ТВ, клима (се доплаќа 7 евра на ден).

No 8 – дуплекс апп., на први кат со 2 спални соби (1 француски кревет + 2 единечни кревети), одвоена кујна и бања, како и многу голема тераса, поглед кон градина

No 5 – студио/апп, со 1 спална соба со еден француски кревет, и во одвоената кујна има тросед погоден за 1 возрасен или 2 деца, поглед кон градина

No7 – Студио/апп, со 2 спална соба со 1 спална соба со еден француски кревет и еден единечен кревет, во одвоената кујна има тросед погоден за 2 деца или еден возрасен, поглед кон море

Ценовник

РАН БУКИНГ 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 31.01.2026.

 Во  1/3  студијата  плаќаат две лица цена по лице, во 1/4 дуплекс апартмани плаќаат три лица цена по лице 

ЦЕНИТЕ во табелата се за наем на апартман / 7 ноќевања

Термин Ноќевања 1/3 стд-апп 1/4ДУПЛЕКС
24.05 7 ноќи *129 € *139 €
31.05 7 ноќи *139 € *159 €
07.06 7 ноќи *149 € *169 €
14.06 7 ноќи 400 € 520 €
21.06 7 ноќи 420 € 590 €
28.06 7 ноќи 440 € 650 €
05.07 7 ноќи 460 € 720 €
12.07 7 ноќи 510 € 790 €
19.07 7 ноќи 510 € 790 €
26.07 6 ноќи 460 € 790 €
01.08 x x x
10.09 10 ноќи 420 € 590 €
20.09 7 ноќи *139 € *149 €

Услови напомени и превоз

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 45€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во канцеларија.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.