Опис
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Anna” е лоцирана на oдлична локација, во центарот на Неа Флогита и на само 30 метри од прекрасната плажа. Располагаме со три квалитетни апартмани, од кои два се лоцирани на прв кат и еден на втор кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Апартманите имаат големи сопствени тераси со комарници, опремени со маса и столови. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Во близина на куќата има маркети, ресторани, таверни, сендвичари и продавници.
1/5 + 1 апартман бр. 1 – прв кат. Простран апартман кој располага со спална соба опремена со брачен кревет и сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со дневната соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има еден брачен кревет со помали димензии, еден стандарден кревет и софа на пуштање. Од дневна соба се излегува на пространа тераса со поглед кон улица. Апартманот има сопствено купатило со када.
1/4 + 1 апартман бр. 2 – прв кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети, со можност да се додаде дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.
1/4 + 1 апартман бр.3 – втор кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети, со можност да се додаде дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.





















