Хотел Oreoi – Лутра Едипсос


–30% попуст за резервации со 50% уплата  веднаш и 50% до 30.11.2026

Опис

Опис

Хотел Oreoi е пријатен и функционален хотел во познатото бањско место Лутра Едипсос, на островот Евија. Се наоѓа на одлична локација, на околу 150 метри од плажата, 100–180 метри од центарот и околу 300 метри од термалните извори. Во близина има маркети, ресторани, таверни и кафулиња. Близината до морето и термалните извори го прави погоден избор за гости кои сакаат одмор, прошетки и релаксација, со вклучени појадок и вечера.

Локација

📍 Лутра Едипсос, Северна Евија, Грција

Плажа: околу 150 метри

Центар: околу 100–180 метри

Термални извори: околу 300 метри

Сместување и содржини

Хотелот располага со 27 соби, функционално опремени за удобен престој.

Сите соби располагаат со:

– Клима-уред;

– Телевизор;

– Фрижидер;

– Телефон;

– Сопствена бања;

– Балкон;

– Бесплатен Wi-Fi интернет.

Хотелски содржини и услуги

– Рецепција;

– Лифт;

– Бесплатен Wi-Fi интернет;

– Тераса за одмор;

– Паркинг.

Услуга

Сместувањето е на база полупансион — појадок и вечера:

– Појадок на шведска маса;

– Сервирана вечера.

Предности на хотелот

– Одлична локација во близина на центарот;

– Кратко пешачење до плажата и термалните извори;

– Соби со сопствен балкон;

– Појадок и вечера вклучени во цената;

– Лифт и паркинг;

– Автобуски превоз и траект вклучени во основниот пакет.

Програма на патување

Поаѓање – вечерта пред почетниот датум во ценовникот. Состанок на групата во 22:30 часот, со поаѓање од Скопје во 23:00 часот. Ноќно патување кон Грција, со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Местото на поаѓање од Скопје и часовите за приклучување од останатите градови ги соопштува агенцијата пред патувањето.

  1. ден | Пристигнување во Едипсос

Пристигнување на пристаништето Глифа и качување на траект за Агиос Кампос на островот Евија. Пловидбата трае приближно 30 минути. Продолжување со автобус кон Лутра Едипсос.

Сместување во хотел Oreoi по 14:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Вечера. Ноќевање.

2.–7. ден | Престој во Лутра Едипсос

Денови за одмор, капење, прошетки и индивидуални посети на термалните извори. Појадок и вечера во хотелот. Можност за факултативни излети, со дополнителна доплата:

– Посета на Атина;

– Посета на островот Скиатос;

– Посета на Лихадонисија.

Излетите се организираат според понудата и програмите за конкретниот термин. Ноќевања во хотел Oreoi.

  1. ден | Едипсос – Скопје

Напуштање на собите до 08:00 часот по локално време. Организирано враќање кон Агиос Кампос и преминување со траект до Глифа. Продолжување кон Македонија со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Пристигнување во Скопје.

Ценовник

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА + АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ + ТРАЕКТ

Услови напомени и превоз

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

– Повратен автобуски превоз на релација Скопје – Едипсос – Скопје;

– Повратна траектна карта на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;

– 7 ноќевања во хотел Oreoi, на база полупансион — појадок и вечера;

– Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително патничко осигурување;

– Туристичка такса од 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања, која се плаќа во објектот;

– Дополнителни оброци;

– Факултативни екскурзии и влезници;

– Останати индивидуални трошоци.

СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

За користење сопствен превоз се одобрува намалување од 20 € по лице од цената на аранжманот.

ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ

За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.

Black Friday и Early Booking попустите не се комбинираат со други попусти, вклучувајќи го попустот за два последователни термини.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

– Датумот во ценовникот е датум на пристигнување и почеток на сместувањето. Автобуското поаѓање е претходната вечер.

– Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 08:00 часот, по локално време, поради подготовка и чистење за следната смена.

– Во собите се сместуваат лица согласно предвидениот капацитет. Дополнително може да се смести најмногу едно дете до 6 години, без посебно легло, во кревет со двајца возрасни.

– Фотографиите прикажуваат повеќе соби и служат за општ впечаток за сместувањето. Распоредот и изгледот може да се разликуваат меѓу собите.

– Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови. Агенцијата не може да гарантира непрекината интернет-врска.

– За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.

– Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата.

– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.

– Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.

– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.

– За аранжманот важат Општите услови за патување и Правните напомени на Ваикики Травел.

Цените се дадени по лице во евра. Уплатите се вршат исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 МКД