Опис
Фурка е малo симпатично местенце на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун.
Има песочна плажа, со кристално чиста вода. Дното е главно песок, со исклучок на метар или два малку ситни камчиња на влезот, а потоа повторно песок и гребен. Бојата на водата е многу убава, зелено-сина, поради четинарите во околината.
На брегот веднаш покрај плажата има две убави таверни со фантастичен поглед на море, но и голем број приватни куќи во сопственост на Грците од Солун. Од таа причина, пристапот до плажата може да биде подалеку од сместувањето отколку што навистина е, бидејќи не можете да поминете низ приватни домаќинства. Затоа нема шеталиште покрај морето, туку голем и убаво уреден плоштад каде се одвива социјалниот живот, со повеќето кафулиња, продавници, ресторани и неколку игротеки за деца.
Во Фурка има два супермаркети, Масутис и Арванидитис, така што туристите имаат можност за поволно снабдување. За поголем шопинг, жив ноќен живот и поинтересна вечерна прошетка Калитеа е на само 10 километри, Ханиоти е исто така во близина, а сигурно местата на западниот брег, Сивири и Неа Скиони.
Фурка е одлично одморалиште за оние кои сакаат да поминат летен одмор на мирно место, без гужви за туристите.
Хотелот Bellagio3* се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на западната и на помирната страна на полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Bellagio 3* создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор.

























































