БАРСЕЛОНА И КОСТА БРАВА, ШПАНИЈА

Велигден во Барселона и Коста Брава

01.05 – 04.05.2027     ✈  Авион     •  Групна тура 399 € по лице
Категорија

Опис

За патувањето

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот – жив град, полн со приказни и уникатни искуства. Космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени, позната по Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата Батљо и Ла Педрера, плажите и пристаништето.

Кулинарските специјалитети се разновидни – од ресторани за висока кујна и традиционални каталонски јадења до пазари за храна. Со поглед на Средоземното Море и архитектурата на Гауди, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.

Коста Брава е едно од најшармантните крајбрежја на Шпанија, познато по живописните заливи и кристално чистото море. Од раздвижениот Љорет де Мар до романтичната Тоса де Мар со калдрмисани улички и стар град, нуди совршен спој на релаксација, авантура и автентичен шпански шарм.

Ценовник

Датуми, цена и вклучени услуги

Датум 01.05 – 04.05.2027
Цена 399 € за возрасно лице

80 € за деца до 1.99 години

Во цената е вклучено

✓  Повратен авионски лет Скопје – Барселона – Скопје

✓  Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm

✓  Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

✓  3 ноќевања во хотел Alegria Sun Village 4*

✓  Полупансион (појадок и вечера)

✓  Придружник од агенција и водич на патувањето

Во цената не е вклучено

✗  Туристичка такса која се плаќа на рецепција

✗  Факултативни излети

✗  Патничко осигурување

✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

Програма

01.05.2027 · Скопје – Барселона – Лорет де Мар

  • Состанок на аеродромот Скопје во 17:00 часот; директен лет на Wizz Air во 19:00, пристигнување во Барселона во 21:50.
  • Организиран трансфер до Лорет де Мар, сместување и ноќевање.

02.05.2027 · Барселона – по стапките на Гауди

  • Појадок. Слободен ден во Лорет де Мар или целодневен факултативен излет до Барселона.
  • Саграда Фамилија, Пасеиг де Грасија (Каса Мила и Каса Батљо), Плоштад Шпанија, Монжуик, споменикот на Колумбо и Порт Вел. Вечера и ноќевање.

03.05.2027 · Коста Брава – Тоса де Мар и шпански вкусови

  • Појадок. Слободно време или факултативен излет: Тоса де Мар, Вила Веља и посета на традиционална бодега со дегустација.
  • Слободно попладне, вечера и можност за факултативна фламенко вечер. Ноќевање.

04.05.2027 · Барселона – Готски кварт, Ла Рамбла – Скопје

  • Појадок и одјавување. Заминување со багажот кон Барселона.
  • Факултативна пешачка тура: Плоштад Каталонија, Готскиот кварт, Катедралата, Плоштад Сант Жауме, Плоштад Рејал, Ла Рамбла и Ла Бокерија. Слободно време за ручек и шопинг.
  • Трансфер до аеродромот (околу 20:00 часот). Лет за Скопје во 22:35 часот, пристигнување во 01:20 часот на 05.05.2027.

Факултативни излети

Барселона – По стапките на Гауди   65 € (деца до 12: 35 €)

Целодневен излет – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди.

Разгледувањето го започнуваме со Саграда Фамилија, најпознатото дело на Антони Гауди и симбол на Барселона. Надворешно разгледување, запознавање со приказната за оваа несекојдневна базилика и време за фотографирање.

Продолжуваме кон Пасеиг де Грасија, една од најубавите градски авении, каде што се наоѓаат познатите Каса Мила – Ла Педрера и Каса Батљо. Нивните необични фасади, бои и форми се најдобриот вовед во светот на Гауди.

Следува панорамско разгледување со автобус кон Плоштадот Шпанија и Монжуик, со олимпискиот комплекс и прекрасните погледи кон градот и пристаништето. Продолжуваме кон споменикот на Колумбо и Порт Вел, каде што Барселона се отвора кон морето.

Слободно време за ручек (препорака за дегустација на локална храна и посета на тапас барови), кафе или прошетка покрај пристаништето / плажата Барселонета.

Коста Брава – Тоса де Мар и бодега   50 € (деца до 12: 25 €)

Се упатуваме кон Тоса де Мар, едно од најшармантните места на овој дел од шпанскиот брег. Прошетка низ Вила Веља, старото градско јадро опкружено со средновековни ѕидини, со камени улички и прекрасни погледи кон морето. Слободно време за фотографии, кафе покрај плажата и уживање во атмосферата на местото.

Излетот продолжува со посета на традиционална бодега, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со локалните вина и да уживаме во дегустација на шпански вкусови.

Барселона – Готска Четврт и Ла Рамбла   35 € (деца 2–12: 25 €)

Разгледувањето го започнуваме од Плоштадот Каталонија, а потоа влегуваме во Готскиот кварт, историското срце на градот. Прошетка низ тесните улички и плоштади, надворешно разгледување на Катедралата на Барселона и посета на Плоштадот Сант Жауме, каде што се наоѓаат Градското собрание и седиштето на каталонската влада.

Продолжуваме кон живописниот Плоштад Рејал и познатата Ла Рамбла, шеталиштето што најдобро го доловува ритамот на Барселона. Посета на Ла Бокерија, прочуениот пазар со богата понуда на свежо овошје, локални специјалитети и шпански деликатеси.

По разгледувањето, слободно време за ручек, шопинг и индивидуално уживање во градот.

Вечерна фламенко програма   зависи од бројот на заинтересирани

Вечерна посета со организиран превоз.

Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!

Дополнителни информации

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
  • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.