Опис
Ова лето ќе имате можност да уживате во прекрасното Маиори, познато по најдолгата песочна плажа на брегот на Амалфи. Сместено на само неколку километри од градот Амалфи, Маиори важи за најмирното и најпријатното место за одмор на целиот брег, со лесно пристапна плажа, широко шеталиште и безброј ресторани, барови и продавници низ неговите улички. Од пристаништето во Маиори секојдневно поаѓаат бродови до Амалфи, Поситано и бисерот на Тиренското Море – островот Капри. Светски познатиот Пат на Лимоните, што го поврзува Маиори со соседното Минори, нуди спектакуларни глетки, безброј насади со лимонови дрвца и локални продавнички што нудат секакви производи базирани на лимон – лимонада, сладоледи, колачи и познатото лимончело.
Сместувањето е во хотелот “Riviera” 3*** (https://www.rivierahotels.it/en), мал семеен хотел сместен на 5-ти и 6-ти кат од зграда, кои нудат прекрасен панорамски поглед на Брегот на Амалфи (зградата има лифт). Хотел “Riviera” се наоѓа на 50 метри од плажата и на само неколку минути од Corso Reginna, главното шеталиште во градот. Во непосредна близина на хотелот има супермаркети, продавници, пекарници, ресторани и барови, а пристаништето со директни бродски линии се наоѓа на оддалеченост од само 10 минути пешачење покрај плажата.
Сите хотелски соби располагаат со фрижидер, бесплатен Wi-Fi, клима уред, телевизор, телефон и сеф. На 6-от кат се наоѓа ресторанот за доручек со голема тераса, достапна за користење за сите гости во текот на целиот ден, со бесплатни лежалки за сончање. Сместувањето е на услуга ноќевање со појадок на шведска маса.
Сите термини се гарантирани. Резервирани соби во хотелот и авионски билети, и обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот и обратно. Местата се лимитирани и нема можност за проширување на групите!






















