Хотелот „Тонанти“ е еден од најлуксузните на овие простори. Се наоѓа во центарот на Врњачка Бања, во близина на централниот дел на паркот. Хотелот располага со 146 соби со различен капацитет за сместување: покрај стандардните двокреветни соби, хотелот исто така нуди трокреветни соби и апартмани, како и луксузен претседателски апартман од 100 квадратни метри. Има и две соби прилагодени за лица со посебни потреби. Сместувачките единици се поделени во три независни блока во централниот дел поврзани со кружно скалило од мермер пред водениот зид и панорамски лифтови со поглед на атриумот и надворешниот базен. Во склопот на хотелот има два ресторани – пансионски и А la carte. Пансионскиот Ресторан, со убава градина, е наменет за гости во хотелот, додека А la carte ресторанот, со посебен влез на самиот агол од зградата и прекрасен поглед на надворешниот базен и парк, е достапен и за гостите и за трети лица. Едниот бар се наоѓа во холот на хотелот, другиот во аква-зоната. Лоби барот е близу до приемот со исклучително луксузно и удобно ниско седишта. Аква-зоната, веднаш до барот, се состои од базени, две џакузи и разни атракции на вода. Затворениот базен, со површина од 300 квадратни метри, е поврзан со стаклена демонтажна фасада со надворешните базени: голем, од 600 квадратни метри, со водопад и детски базен, со површина од 50 квадратни метри. Во рамките на уникатниот центар за спа и велнес има три сауни, просторија за солена вода, ладна просторија, парна бања, пловечка бања и четири простории за масажа (од кои едната е двојна, за парови). Центарот е поврзан со зоната за релаксација, која е целата во стакло и е свртена кон паркот. Смирувачка музика и арома терапија (дискретни мириси на есенцијални масла) придонесуваат за атмосфера на уживање и релаксација.
Хотел Tonanti 5* – Врњачка Бања
Ценовник
ЦЕНОВНИК по СОБА на ДЕН – НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН | |||
ТИП на СОБА |
ПЕРИОД (за 2022.година) | ||
Април; Мај; Окт; Ное; Дек; | Јули – Август 2022 | Јуни-Септември 2022 | |
1/2 стандард | 129 € | 160 € | 142 € |
1/1 стандард | 109 € | 137 € | 120 € |
1/2 ЛУКС (2 лица) | 146 € | 183 € | 161 € |
1/1 ЛУКС | 127 € | 158 € | 140 € |
АПТ (без кујна за 2 лица) | 207 € | 259 € | 228 € |
АПТ (со кујна за 2 лица) | 229 € | 286 € | 252 € |
Фамилијарен АПТ | 328 € | 410 € | 361 € |
Услови и напомени
ДОПЛАТИ :
Деца од 0 – 3,99 год. – ГРАТИС
Деца од 4 – 11,99 год. – плаќаат 25 € на ден за заедничко легло и 35 € на ден за помошно легло.
Лица од 12+ години – плаќаат 45 € на ден на додатно легло
Галерија