На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници
ОПИС:
Вилата “MARY-S” на 50м. од самото шеталиште а на 70м. од градската плажа во ценралниоит дел на Полихроно. Се состои од 4 студиа за 2-4 лица сместени на втор кат.
Сите студиата се опремени со кујна комплет опремена (со содветен прибор за бројот на гости), мал фрижидер, мини шпорет, купатело, ТВ, Wi-fi , клима, тераси со тенди (страничен поглед на море и двор).
Студио 3 – 1/2 +1 француски лежај, и фотља на спуштање, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со поглед на двор.
Студио 4 – 1/3+1- дупли со единечен+1 единечен, со голем фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗрерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, тераса со страничен поглед на море, Wi-Fi интернет, купатило клима.
Студио 5 – 1/2 +1 – брачен кревет по грчки стандард и 1 единечен кревет, фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со страничен поглед на море.
Студио 6 – 1/3 – француски лежај во кујна и 1 единечен во другата соба, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со страничен поглед на море,
Студио 7 – 1/2 француски лежај, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со поглед на двор.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
GPS : 40.01687841716283, 23.528818940535842