Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

8ми Март авионски – Рим 4НП


(08.03 – 12.03)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

349по лице

(цената важи за уплати заклучно со 31.01)

8ми Март авионски – Рим 4НП


(08.03 – 12.03)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

349по лице

(цената важи за уплати заклучно со 31.01)

Програма

1.ДЕН (08.03 Среда) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок со групата на скопскиот аеродром во 11:30ч. Чекирање на летот за Рим. Полетувањето е закажано за во 13:45ч. Летот до Рим е во времетраење од  1ч и 45мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 15:30ч. Трансфер до сместувањето. Сместување. Слободен ден за одмор и релаксација. Ноќевање.

2.ДЕН (09.03 Четврток) РИМ – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД
Појадок. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на Рим. Со метро се упатуваме кон центарот на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на вечниот град: Плоштадот св.Петар во Ватикан, Базиликата св.Петар, Тврдината Сент Анџело, Плоштадот Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, шпанскиот плоштад заедно со Шпанските скали, Плоштадот Венеција, Римските форуми, Колосеум…По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во прекрасниот Рим. Враќање со метро назад кон сместувањето. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3.ДЕН (10.03 Петок) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ
Појадок. По појадокот слетува факултативна посета на ватиканските музеи. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до Ватикан, влезница, како и локален водич со слушалки. Времетраење на излетот – околу 2:30ч. По завршувањето на излетот, слободно време за дополнителна прошетка низ Рим. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

4.ДЕН (11.03 Сабота) РИМ – ПОСЕТА НА РИМСКИ ФОРУМИ И КОЛОСЕУМ
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на римските форуми и колосеумот во Рим. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до римските форуми, влезница во римските форуми, водич со слушалки, влезница во колосеумот исто така со водич и слушалки. По завршување на посетата на Колосеум следува слободно време за дополнително уживање низ римските улички. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

5.ДЕН (12.03 Недела) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следува напуштање на сместувањето и упатување кон римскиот аеродорм Fiumicino со трансфер. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 16:30ч. Слетување на скопскиот аеродром во 18:15ч. Крај на програмот.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

349по лице

(цената важи за уплати заклучно со 31.01)

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација Скопје – Рим – Скопје со авио компанијата Wizz Air
  • Вклучен ранец до 10кг по лице
  • Вклучени сите аеродромски такси
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 4 ноќевања со појадок во бунгалови во “Camping Village Roma 4*” во Рим
  • Организација на патувањето 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативен излет – Пешачки разглед на Рим (20€)
  • Факултативен излет – Ватикански музеи (60€)
  • Факултативен излет – Римски форуми и Колосеум (40€)
  • Туристичка такса 1.5€ по ноќ по лице (вкупно 6€)
  • Индивидуални трошоци