Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

ИСТАНБУЛ – 11 ОКТОМВРИ


ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 20.09.2022: 99 евра (6.140,00 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра (6.760,00 денари)

ИСТАНБУЛ – 11 ОКТОМВРИ

 07.10.2022 – 10.10.2022

Програма

ПРВ ДЕН (ЧЕТВРТОК) – 07.10.2022

Турата стартува во 15:00 часот со поаѓање од Прилеп (Трансфер од Битола), попатно Кавадарци (Дреново), Неготино, Гевгелија. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу патувањето за наредните три денови. Патниците добиваат известување за патувањето два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Автобусите се со нумерирани седишта. Според времето на уплата во агенцијата  за одредува бројот на седиште за патникот,  но доколку некои патници имаат посебно барање за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН (ПЕТОК) – 08.10.2022

Пристигнувањето на групата во Истанбул. По пристигнувањето се упатуваме кон хотелот, каде багажот се остава во просторија предодредена за чување на багаж во самиот хотел. Туристичкиот придружник на Орбита е задолжен заедно со рецепционерот во хотелот според список на уплати во агенцијата да ги подели клучевите од хотелските соби. По краткиот одмор групата поаѓа на разгледување на градот со локален водич при штосе посетуваат

Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на овие простори, поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, подоцна во музеј, а денес повторно се користи како џамија. Таа се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул.

Џамијата Султан Ахмет, позната како Сината Џамија – муслимански храм во Истанбул. Изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед-ага по наредба на султанот Ахмед I. Поради своите бои , син, зелена и бела, позната е како Сината Џамија.

Топ Капи сарајот – попозната како палатата на султаните, овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царсвто. Сарајот бил изграден во времето на султанот Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморното море, близу до Света Софија.Овој сарај бил во употреба до 1853 кога султанот Абдул Меџит Iја преместил својата резеиденција во Долмабахче.

По разгледите слободно време за шопинг и прошетка низ Капали Чаршија каде заедно водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има повеќе време и приватност при посетата на чаршијата.

** Вечерта има можност за вечера со забава на брод. Турска вечер на брод – вклучено: Трансфер, вечера, неограничени локални безалкохолни пијалоци, забава. Трае до 23:30 часот.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (САБОТА) – 09.10.2022

По појадокот денот е предвиден за неколку факултативи кои Ви препорачуваме да ги посетите.

Историската и фимска населба Балат – „Вселенска патријаршија“ и Железната Црква. Се упатуваме на факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“ чии улички ги има на многу познати филмови, кои најубави фотографии се прават во ова населба. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.
Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зографски и велешкиот митрополит Малетиј, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.
Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град.

Крстарење по Босфор. Ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

Посета на Долмабахче Сарајот. Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Oблакодерот Сафир
По посетата на Долмабахче, групата продожува со автобусот во посета на еден од најдобрите облакодери во Истанбул. Облакодерот „Сафир“. Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патниви се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. По посетите враќање во хотелот.

НОЌЕН ИСТАНБУЛ. Ноќна обиколка на Истанбул или „Истанбулска ноќ на два континента“

Вклучено:
– Приватен трансфер
– водич нашиот јазик
– дегустација на баклава и локум
– Турски чај

Опис на програмата „Истанбулска ноќ на два континента:

Првата станица е обиколка на продавницата каде што продаваат локум, баклава, зачини, природна козметика по фабрички цени (Пауза 30-40 мин)

Панорамска обиколка на Истанбул, преминување на стадионот Бешикташ и квартот Бешикташ. Преминувајќи го првиот мост на Босфор (ново име Мост 15 јули, каде што започна државниот удар), потоа продолжуваме кон ридот Чамлица – видиковец каде што се наоѓа џамијата Бујук Чамлица (џамијата на Ердоган), од која се протега поглед на целиот европски и азиски дел на Истанбул. Застанете во Бујук Чамлича џамија и пауза за фото-стоп. Продолжување на разгледот кон познатиот центар Кадикој од азиската страна и пауза од околу 1,5 часа за вечера, кафе и прошетка низ Кадикој (ул. Бахарие)
*Она што ја прави посебна оваа програма е тоа што Истанбул е културна програма, некои турски навики, начин на живот, склучување и договарање бракови, споредување на животот во Екс Ју и во Турција, т.е. Истанбул.
Ноќевање

ЧЕТВРТИОТ ДЕН (НЕДЕЛА) – 10.10.2022

Појадок. По појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата “Baba Oğul”каде што има фабрички цени на Turkish Delight – разни сувенири, локум, баклава, чаеви, турско кафе и слично. Од продавницата следува време за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу 2 и пол до 3 часа слободно време за шопин. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување во после полноќ во Скопје.

Факултативни посети

 

  • Топ Капи сарајот – 35 евра по лице
  • Историската и филмска населба Балат – 10 евра по лице
  • Крстарење по Босфор – 20 евра по лице ( минимум 17 патници)
  • Долмабахче Сарајот – 30 евра по лице
  • Oблакодерот Сафир – 35евра по лице
  • ПАКЕТ:СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ФАКУЛТАТИВИ – 125 евра
  • Вечера и забава на брод – 45 евра по лице
  • Ноќен Истанбул – 25 евра 

Ценовник

ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 20.09.2022: 99 евра (6.140,00 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра (6.760,00 денари)

Услови и напомени

Во цената е вклучено :

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Сината Џамија
  • Tуристичка такса
  • Посета на турската продавница “Baba Oğul”
  • Шопинг во 212 центарот

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (транзит) до Турција