Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

8ми март авионски – ЈОРДАН 3 ноќи 4 дена


07.03. – 12.03 3 НОЌИ – 4 ДЕНА

ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

АКАБА – ВАДИ РУМ – ПЕТРА – МРТВО МОРЕ

Цена на патувањето: 1.320 евра во денарска противредност (62 денари=1евро) 

АКАБА – ВАДИ РУМ – ПЕТРА – МРТВО МОРЕ

Програма

Поаѓање за Акаба преку Истанбул на 07.03.2023

Средба на Меѓународен аеродром Скопје во 18:00. Пристигнување во Истанбул во 00:10.  Тргање за Акаба во 01:10.

Ден 1. (08.03.2023) 

Пристигнување во Акаба во 03:40. Водич од Јордан ни помага со документацијата за  визи. Трансфер до хотелот. Сместување, време за одмор. Слободно време за прошетка низ  градот на Црвеното море. Одмор на плажа. Вечера. Ноќевање во Акаба.

Ден 2. (09.03.2023) 

Доручек. Се упатуваме кон пустината Вади Рум. Четири часовна тура низ пустината со  џипови. Се посетуваат Кањонот Кхазали, Малиот мост, и Изворот Лоренс. Вечера.  Ноќевање во бедуински шатори во пустината, каде што ќе уживате во апсолутна тишина  под ѕвеѕденото небо со бедуински чај.

Ден 3. (10.03.2023) 

Доручек. Уживајте во изгрејсонцето!

Се упатуваме кон Петра, сместување во хотел.

Посета на Изгубениот град Петра кој е изграден од Набатејците. Името Петра го добива  поради тоа што е целосно изграден во карпа (Петра=карпа). Почнуваме со прошетка  околу 2км по тесен планински пат низ карпеста клисура Сик, чија висина достига и до 200  метри. Прекрасниот пат не води до едно од седумте светски чуда целосно вдлабната  градба во карпа, “Treasury” или Трезорот. Можност за истражување на кањоните со коњи,  камили, магариња.

Вечера. Ноќевање.

Ден 4. (11.03.2023) 

По појадокот се упатуваме накај место на крштевање на реката Јордан.

Попатна посета на планината Небо каде што Мојсеј покажал накај ветената земја, и  местото каде што се верува дека е погребан. Посета на Мадаба, Градот на Мозаиците,  каде што ке ги видите византискиот мозаик, Христијанската црква.

Сместување. Попладнето поминете го капејќи се во Мртвото Море.

Езерото кое своето име “море” го добива поради солената вода која пак не дозволува да  опстане никаков жив свет и оттаму се нарекува“мртво”. Всушност реката Јордан се влева  во него, но рибите што доаѓаат веднаш умираат. Езерото е најниската точка на планетата  Земја чие дно е на -794 метри надморска височина.

Доцна во ноќта (12.03.2023) се упатуваме кон аеродромот во Аман. Полетуваме во 03:20.  Пристигање во Скопје во 07:55.

Ценовник

Цена на патувањето: 1.320 евра во денарска противредност (62 денари=1евро) 

Услови и напомени

Во цената е вклучено. 

Повратен билет Скопје-Истанбул-Акаба-Аман-Истанбул-Скопје

Авионски такси

Багаж 23кг + рачна торба

Виза за Јордан

Сите трансфери и екскурзии опишани во програмата погоре

Четири ноќевања на база полупансион во хотели со 4*

Професионален возач и водич на англиски јазик

Ручек и 3 часовно возење со 4х4 џипови во Вади Рум

Ручек на Мртво Море

Сите влезници во горенаведените туристички места

Цената не вклучува  

Патничко осигурување

Бакшиш за возачи и водичи

Галерија