Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

8МИ МАРТ АВИОНСКИ – ЈОРДАН + ИЗРАЕЛ


07.03. – 14.03 6 НОЌИ – 7 ДЕНА

ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

АКАБА – ВАДИ РУМ – ПЕТРА – МРТВО МОРЕ – ЕРУСАЛИМ – ТЕЛ АВИВ

Ценa на патувањето: 1.830 евра во денарска противредност (62 денари=1евро) 

АКАБА – ВАДИ РУМ – ПЕТРА – МРТВО МОРЕ – ЕРУСАЛИМ – ТЕЛ АВИВ

Програма

Поаѓање за Акаба преку Истанбул на 07.03.2023. 

Средба на Меѓународен аеродром Скопје во 18:00. Пристигнување во Истанбул во 00:10.  Тргање за Акаба во 01:10. 

Ден 1. (08.03.2022) 

Пристигнување во Акаба во 03:40. Водич од Јордан ни помага со документацијата за  визи. Трансфер до хотелот. Сместување, време за одмор. Слободно време за прошетка низ  градот на Црвеното море. Одмор на плажа. Факултативна прошетка со водич. Вечера.  Ноќевање во Акаба. 

Ден 2. (09.03.2023.) 

Доручек. Се упатуваме кон пустината Вади Рум. Четири часовна тура низ пустината со  џипови. Се посетуваат Кањонот Кхазали, Малиот мост, и Изворот Лоренс. Вечера.  Ноќевање во бедуински шатори во пустината, каде што ќе уживате во апсолутна тишина  под ѕвеѕденото небо со бедуински чај. 

Ден 3. (10.03.2023) 

Доручек. Уживајте во изгрејсонцето!  

Се упатуваме кон Петра, сместување во хотел.  

Посета на Изгубениот град Петра кој е изграден од Набатејците. Името Петра го добива  поради тоа што е целосно изграден во карпа (Петра=карпа). Почнуваме со прошетка  околу 2км по тесен планински пат низ карпеста клисура Сик, чија висина достига и до 200  метри. Прекрасниот пат не води до едно од седумте светски чуда целосно вдлабната  градба во карпа, “Treasury” или Трезорот. Можност за истражување на кањоните со коњи,  камили, магариња. 

Вечера. Ноќевање.

Ден 4. (11.03.2023) 

По појадокот се упатуваме накај место на крштевање на реката Јордан.  

Попатна посета на планината Небо каде што Мојсеј покажал накај ветената земја, и  местото каде што се верува дека е погребан. Посета на Мадаба, Градот на Мозаиците,  каде што ке ги видите византискиот мозаик, Христијанската црква.  

Сместување. Попладнето поминете го капејќи се во Мртвото Море. 

Езерото кое своето име “море” го добива поради солената вода која пак не дозволува да  опстане никаков жив свет и оттаму се нарекува“мртво”. Всушност реката Јордан се влева  во него, но рибите што доаѓаат веднаш умираат. Езерото е најниската точка на планетата  Земја чие дно е на -794 метри надморска височина. 

Ден 5. (12.03.2023) 

По појадокот се упатуваме накај граничниот премин Алленби, Израел. 

Почнуваме со прошетка на маслиновата гора, продолжуваме до панорамскиот поглед на  Вечниот Свет Град. Ги посетуваме Капелата Доминос Флавит, Базиликата на Сите Нации,  и Гециманската Градина каде што Исус ги поминал последните часови пред да биде  уапсен. 

Вечера. Ноќевање во Ерусалим. 

Ден 6. (13.03.2023) 

Доручек. Се упатуваме кон Витлеем, родниот град на Исус Христос.  

Посета на Базиликата на Исусовото раѓање, посета на црквата Света Катерина и  пештерата на свети Јероним каде што е преведена Библијата. Продолжуваме кон  Млечната пештера и Арапското село Беит-Сахур, според традицијата е идентификувано  како Овчарско поле, односно местото каде што пастирите го објавиле Исусовото раѓање. 

Одиме во Тел Авив. Се сместуваме. Вечера. 

Ден 7. (14.03.2023) 

Доручек. Слободно попладне.

Тргање на аеродром. Полетување на 14.03.2023 во 15:20 за Скопје преку Истанбул.  Пристигнуваме во Скопје во 19:55 

Ценовник

Ценa на патувањето: 1.830 евра во денарска противредност (62 денари=1евро) 

Услови и напомени

Во цената е вклучено. 

Повратен билет Скопје-Истанбул-Акаба-Тел Авив-Истанбул-Скопје 

Авионски такси 

Багаж 23кг + рачна торба 

Виза за Јордан  

Сите трансфери и екскурзии опишани во програмата погоре  

Шест ноќевања на база полупансион во хотели со 4* 

Професионален возач и водич на англиски јазик 

Ручек и 3 часовно возење со 4х4 џипови во Вади Рум 

Ручек на Мртво Море 

Сите влезници во горенаведените туристички места 

Цената не вклучува  

Патничко осигурување 

Бакшиш за возачи и водичи

Галерија