8ми Март авионски – Рим 4НП
(08.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
349€ по лице
(цената важи за уплати заклучно со 31.01)
8ми Март авионски – Рим 4НП
(08.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
349€ по лице
(цената важи за уплати заклучно со 31.01)
8ми Март авионски – Рим 4НП
(08.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
349€ по лице
(цената важи за уплати заклучно со 31.01)
1.ДЕН (08.03 Среда) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок со групата на скопскиот аеродром во 11:30ч. Чекирање на летот за Рим. Полетувањето е закажано за во 13:45ч. Летот до Рим е во времетраење од 1ч и 45мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 15:30ч. Трансфер до сместувањето. Сместување. Слободен ден за одмор и релаксација. Ноќевање.
2.ДЕН (09.03 Четврток) РИМ – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД
Појадок. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на Рим. Со метро се упатуваме кон центарот на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на вечниот град: Плоштадот св.Петар во Ватикан, Базиликата св.Петар, Тврдината Сент Анџело, Плоштадот Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, шпанскиот плоштад заедно со Шпанските скали, Плоштадот Венеција, Римските форуми, Колосеум…По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во прекрасниот Рим. Враќање со метро назад кон сместувањето. Слободно време за одмор. Ноќевање.
3.ДЕН (10.03 Петок) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ
Појадок. По појадокот слетува факултативна посета на ватиканските музеи. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до Ватикан, влезница, како и локален водич со слушалки. Времетраење на излетот – околу 2:30ч. По завршувањето на излетот, слободно време за дополнителна прошетка низ Рим. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
4.ДЕН (11.03 Сабота) РИМ – ПОСЕТА НА РИМСКИ ФОРУМИ И КОЛОСЕУМ
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на римските форуми и колосеумот во Рим. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до римските форуми, влезница во римските форуми, водич со слушалки, влезница во колосеумот исто така со водич и слушалки. По завршување на посетата на Колосеум следува слободно време за дополнително уживање низ римските улички. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
5.ДЕН (12.03 Недела) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следува напуштање на сместувањето и упатување кон римскиот аеродорм Fiumicino со трансфер. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 16:30ч. Слетување на скопскиот аеродром во 18:15ч. Крај на програмот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
349€ по лице
(цената важи за уплати заклучно со 31.01)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: