8ми Март автобуски – Азурен брег 3НП
(07.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
259€ по лице
8ми Март автобуски – Азурен брег 3НП
(07.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
259€ по лице
8ми Март автобуски – Азурен брег 3НП
(07.03 – 12.03)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
259€ по лице
1.ДЕН (07.03 Вторник) СКОПЈЕ – НИЦА
Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање кон Ница. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со попатни паузи за одмор и царински регулативи.
2.ДЕН (08.03 Среда) НИЦА
Пристигнување во Ница во пладневните часови. Следува разглед на градот: Англиската променада, хотелот Негреско, плоштадот Масена, брдото Шато….По разгледот се упатуваме кон хотелот. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Предлагаме вечерна прошетка низ прекрасните улички во Ница, како и вечера во некој од автентичните француски ресторани сместени долж самото крајбрежје на англиската променада…Ноќевање.
3.ДЕН (09.03 Четврток) СЕН ТРОПЕ – АНТИБ
Појадок. По појадокот следува целодневна факултативна посета на прекрасните француски гратчиња Сен Тропе и Антиб.
Прво се упатуваме кон Сен Тропе, најпознатото и најлуксузното летувалиште на француското крајбрежје. Ќе имаме прилика да прошетаме по модерното шеталиште, да го видиме прекрасното луксузно пристаниште кадешто своите јахти и бродови ги имаат укотвено најпознатите светски личности, а секако и да уживаме во некој од рестораните или кафичи на самото крајбрежје…
По посетата на Сен Тропе се упатуваме кон Антиб, уште едно француско гратче со богата историја и прекрасна местоположба. Токму поради неговата локација и неговите убавини ова гратче е секоја година посетено од повеќе милиони странски и домаш туристи…Ќе имаме прилика да прошетаме по автентичните калдрмени улички, да ги посетиме традиционалните продавнички…Слободно време…По разгледот на Антиб се враќаме назад кон хотелот во Ница…Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
4.ДЕН (10.03 Петок) КАН – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на прекрасните КАН и МОНАКО.
Денот го започнуваме со посета на гламурозниот Кан, којшто покрај тоа што е познат по туризмот во летниот период, познат е и по тоа што е домаќин на најпознатиот филмски фестивал којшто се одржува секоја година во Кан во месец мај. Следува пешачки разглед на градот: Луксузното пристаниште, Канската филмска палата, улицата Ла Кроазет, хотелот Карлтон, хотелот Мартинез…Слободно време за уживање и индивидуална прошетка…По посетата на Кан се упатуваме кон кнежевството Монако. Најпрво се упатуваме кон делот Монако Вил кадешто следува разглед на најзначајните знаменитости на Монако: Океанографскиот музеј, Катедралата Св.Никола, Кралската палата на семејството Грималди….Слободно време за сликање и уживање во најмирниот дел на Монако…Потоа се спуштаме кон Монтекарло, делот на кнежевството којшто е најмногу познат по казината и игрите на среќа, а секако ќе имаме ексклузивна можност за посета на казиното “Café de Paris”… Враќање назад кон хотелот во Ница. Ноќевање.
5.ДЕН (11.03 Сабота) ПАРФИМЕРИЈА ФРАГОНАРД – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и бесплатна посета на Пафримеријата “FRAGONARD” во местото Ез. По пристигнувањето во парфимеријата следува презентација на целосниот процес на производство на парфеми, а потоа ќе имаме можност и да купиме пафреми и други миризливи производи по достапни цени директно од нивната продавница сместена во склоп на самата парфимерија. По посетата на парфимеријата Fragonard се упатуваме назад кон Скопје со попатни паузи и царински формалности.
6.ДЕН (12.03 Недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови. Крај на програмот
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
259€ по лице
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: