Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…
ПАРИЗ во МАРТ
11.03. – 14.03.2022
4 дена/3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 399 €
за уплати до 25.12.2022
Програма на патувањето
1 ден (11.03.2023 – сабота) | Скопје – Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:40 часот. Полетување кон Париз во 06:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:45 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер со панорамски разглед на Париз (90 km). Сместување во хотел. Слободно време за разглед на градот со пратителот на групата.Ноќевање.
2 ден (12.03. – недела) | Париз – Лувр – Мулен Руж
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр започнува разгледот на прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро)…Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Слободно време или можност за факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот. Ноќевање.
3 ден (13.03. – понеделник) | Версај – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден (14.03.2023 – вторник) | Париз – Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 01:00 часот.
Ценовник
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 399 €
за уплати до 25.12.2022
Услови и напомени
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
- Сместување во хотел Ibis La Defanse Centre 3*, на услуга BB;
- Организирани прошетки според програматa;
- Пратител од агенцијата за време на целото патување;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 1.50 € по лицен на ноќ – се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување;
- Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ФАКУЛТАТИВИ
- Посета на Версај – 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
- Влезница за Ајфелова Кула до втор кат – 25 €, до трет кат – 33 € (со лифт);
- Крстарење со брод по Сена – 20 €;
- Посета на Лувр – 50 € (вклучена влезница и локален водич, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
- Посета на Moulin Rouge – 150 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 16 патника.
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ