Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна. Основан од Kелтите, Милано бил главен град на Западната Римска Империја, а потоа бил управуван од Шпанци и Австријци. Многу прочуени артисти се привлечени токму во Милано од фамилијата Сфорца, а еден од најпознатите е Леонардо да Винчи. Во 19 век Милано станува оперски центар познат со автори како Росини, Белини, Верди и Панучи. Има многу знаменитости, но ќе издвоиме дел од нив – операта Ла Скала и ремек делото „Тајната вечера”, миланската Катедрала, трговскиот центар Виктор Емануел, замокот Сфорца.
Денес Милано претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”, „Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!!