Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

ТОСКАНА

Фиренца – Сан Џимињано – Сиена – Пиза – Лука

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

Цена за уплати до 25.12: 439 евра (27.280 мкд)

Цена на аранжманот: 499 евра  (30.940 мкд )

10 март (петок)                                               СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 16.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 17.55 часот. Слетување во Болоња во 19.45 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

11 март (сабота)                                             ФИРЕНЦА

Појадок. Прошетка во главниот град на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело… Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо – вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, Палатата Векио, мостот Понте Векио, Палатата Пити – една од најпрепознатливите обележја на градот… Посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди. Денес Уфици е една од најзначајните знаменитости во Фиренца и меѓу најпосетените ликовни музеи во светот. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

12 март (недела)                                           ФИРЕНЦА  – САН ЏИМИЊАНО – СИЕНА – ФИРЕНЦА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сан Џимињао, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. Град кој го зачувал својот историски центар, а е познат по прекарот „Град на кулите“. Кафе пауза и продолжување на патувањето до Сиена. Разглед на градот: плоштадот Ил Кампо, еден од најубавите плоштади во Европа, Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

13 март (понеделник)                                 ФИРЕНЦА – ПИЗА –ЛУКА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативен излет до Пиза и Лука. Пристигнување во Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат кривата кула од Пиза (Torre di Pisa), катедралата (Cattedrale di Pisa) и гробиштата на Светците (Campo Santo). Патувањето продолжува кон Лука,  еден од најубавите градови на Тоскана. По пристигнувањето, разглед на градот, кој е познат по неговото недопрено историско јадро од ренесансата: Плоштадот Наполеоне, Амфитеатарот и Сан Микеле, катедралата Свети Мартин, црквата Свети Михаил, родното место на Џакомо Пучини… Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 20.20 часот. Пристинување во 22.00 часот.

Програма на патувањето

Ценовник

Цена за уплати до 25.12: 439 евра (27.280 мкд)

Цена на аранжманот: 499 евра  (30.940 мкд )

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел 3*/4* во Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Разглед на Фиренца со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг – 1.900 мкд/ чекиран багаж – куфер до 20кг  – 2.750 мкд

*( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

  • Организирана посета на Галерија Уфици со водич
  • Посета на Сан Џимињано и Сиена 65 евра
  • Посета на Пиза и Лука 60 евра
  • Туристичка такса 850 мкд (се плаќа во агенција )
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 500 мкд

Напомена:

На патниците кои нема да одат на излетот Пиза и Лука ќе им бидат обезбедени билети за локален трансфер Фиренца-Болоња.

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување.