15 Април (Сабота) СКОПЈЕ – СОФИЈА – МАЛАГА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 08:30 часот. Организиран трансфер до Аеродромот во Софија. Полетување за Малага во 15:55 и пристигнување во 18:50 часот. Трансфер до хотелот во Малага/Торемолинос и сместување. Ноќевање.
16 Април (Недела) МАЛАГА – МАРБЕЛЈА – МАЛАГА
Појадок. Прошетка со јавен превоз до монденското летувалиште Марбелја, чиј стар дел е опколен со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат интересни средновековни градби. Ноќевање.
17 Април (Понеделник) МАЛАГА
Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен „Престолнина на Коста дел Сол“ и родно место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до замокот Парадор, старата палата Алкасаба, Римскиот театар, стариот Еврејски кварт и Катедралата. Ноќевање.
18 Април (Вторник) МАЛАГА – СЕВИЛЈА
Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Ноќевање.
19 Април (Среда) СЕВИЛЈА
Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.
20 Април (Четврток) СЕВИЛЈА – КОРДОБА – ГРАНАДА
Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот.
21. Април (Петок) ГРАНАДА
Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
22. Април (Сабота) ГРАНАДА – МАЛАГА – СОФИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Софија во 19:30 и пристигнување во 23:55 часот. Организиран трансфер и пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.