Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

БУДИМПЕШТА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ


За уплата од 23.11 до 26.11 / -15% Black Friday ПОПУСТ / Цена: 119 евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра   /   8.620 денари

Бидете дел и истражете ги омилените Божиќни базари во Будимпешта, особено што унгарскиот главен град е прогласен за најприфатлива дестинација за Божиќен базар. Покрај најпознатиот празничен саем на плоштадот Vörösmarty Square градот нуди пазари на повеќе локации каде се нудат уникатни занаетчиски производи, вкусна локална храна и пијалоци, одлични програмски содржини...

Програма

07.12 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

08.12 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

09.12 БИДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

10.12 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Вациили посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

Ценовник

За уплата од 23.11 до 26.11 / -15% Black Friday ПОПУСТ / Цена: 119 евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра   /   8.620 денари

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

Сместување во Хотел Vitta 3* http://vittahotelbudapest.com/en/  во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Будимпешта со локален водич,  задолжително- 15 евра

Вечера во ресторан Чарда 30 евра

Крстарење со брод по Дунав 20 евра

Посета на Сент Андреа 20 евра

Влезници за музеите и културно – историските споменици

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за 1/1 соба 3.100 денари

Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- 50 евра

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Декемвриски патувања