Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

НАЈУБАВИТЕ БОЖИЌНИ МАРКЕТИ ВО ХРВАТСКА

САМОБОР – ЗАГРЕБ – ОПАТИЈА


(Пронајдете го детето во себе во магијата на SalajLand)

 (07.12.2022-12.12.2022)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 евра (16.060 денари)

Затворете ги очите… Почувствувајте го мирисот и неповторливиот вкус на кремпитите, медењаците, бермутот и на топлото чоколадо… Слушнете ги сентименталните божиќни песни кои Ве враќаат во детството… И тоа е доволно да се препуштите на Божиќните бајки раскажани низ парковите во Самобор, Загреб и во Опатија …

Ве водиме одблизу да го почувствувате лесното движење на самовилите и да бидете дел од магијата на имотот на семејството Salaj

 

Програма на патување

Прв ден: 07.12.2022 година (среда)

Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 20.00 часот и од Скопје  во 21.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 08.12.2022 година (четврток)

Пристигнување во Самобор во претпладневните часови. Сместување на групата во хотелите Livadic“ 3* (http://www.hotel-livadic.hr/) и „Lavica“ 3* (https://www.lavica-hotel.hr/) лоцирани еден наспроти друг во самиот центар на ова преслатко гратче оддалечено само половина час од Загреб кое е прогласено за најсигурен град за живеење во Хрватска. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед на градот со локален туристички водич. Овој стар град кој датира од 14. век ќе не` воодушеви не само со шармот на своите дрвореди и слатките мали згради, туку и со традиционалните деликатеси кои можат да се вкусат на некој од бројните божиќни штандови: самоборските кремпити, црвеното ароматизирано вино бермет подготвено од одбрани сорти грозје, пелин и јужно овошје…Велат, Самобор е еден од оние градови во кои ќе се навраќате секогаш откако прв пат ќе го посетите. Затоа, внимавајте кога ќе пиете вода од чешмата на плоштадот, бидејќи легендата вели дека секој кој ќе се напие од неа повторно ќе се врати тука. Хрватскиот книжевник Густав Матош за Самобор рекол дека е „Најхрватски од хрватските градови“, но помалку е познато дека Самобор е воедно и најмакедонски од хрватските градови. Имено тука во 1939-та година македонскиот поет Кочо Рацин ја отпечатил стихозбирката песни „Бели Мугри“. Книгата е печатена илегално во печатницата Шпулер, а во Самоборскиот Музеј се чува оригиналот на Рациновата збирка која ќе имаме можност да ја видиме за време на нашата обиколка на Музејот. По организираниот разглед, слободно попладне за индивидуални прошетки и уживање во божиќната атмосфера која се чувствува на секој чекор. Ноќевање.

Трети ден: 09.12.2022 година (петок)

Појадок. Во договореното време заминуваме кон Загреб. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Стариот дел на градот  со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, Црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак, Парламентот… Потоа слободно време да се  препуштите на уживањето во единствената празнична атмосфера на различни локации низ улиците во градот  каде има забава за секого – од божиќните штандови на кои ќе најдете уникатни сувенири и украси па се до вареното вино, печените костени и традиционалните помалку заборавени специјалитети. Во договореното време враќање во хотелите во Самобор. Ноќевање.
Четврти  ден: 10.12.2022 година (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелите и заминување кон Опатија. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој го нарекуваат Хрватска кралица на туризмот. Прошетка до еден од најубавите паркови кој се вбројува во Спомениците на хортикулурата-Angiolina, во кој има околу 150 најразлични видови растенија донесени од целиот свет, потоа вилата Amalia, најстариот хрватски хотел Kvarner, раскошната црква во центарот на Опатија, прошетка по шеталиштето Lungomare и посета на скулптурата „Девојката со галебот“-симболот на Опатија. Потоа  сместување на групата во хотел Bristol4**** (https://ohm.hr/hr/hoteli/hotel-bristol/ ) кој се наоѓа во срцето на Опатија. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки низ преубавите паркови во кои доминира божиќниот венец како симбол на вечноста и верноста…Ноќ за уживање во преубавата божиќна бајка покрај море.  Ноќевање.

Пети ден: 11.12.2022 година (недела)

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување кон малото хрватско село Грабовица покрај Чазма, каде на падините на Мословачка Гора на имотот на семејството Salaj на површина од околу 60.000 метри квадратни се организира единствената светлечка манифестација во овој дел од Европа која секоја година ја посетуваат повеќе од 90.000 домашни и странски туристи. Се` започнало пред дваесетина години кога сопственикот Златко Салај, кој имал сиромашно детство посакал на своето семејство да му приреди вистинска Божиќна идилична атмосфера каква има само во филмовите китејќи го дворот со 7000 светликави ламбички. Освен семејството, од ефектот биле воодушевени и бројните минувачи, па така тој продолжил секоја година со уште поголем елан да го дополнува и разубавува целиот амбиент, за со текот на годините благодарение на големиот труд и ентузијазам неговиот сон за Божиќ од бајките да прерасне во најзначајната туристичка манифестација во континенталниот дел на Хрватска. Посетителите ги очекуваат пет милиони ламбички кои се поставени низ целиот имот, како и 1500 божиќни топки на дрвјата низ целиот имот украсени на потполно нов начин со таканаречени светлосни ice light. Покрај повеќето атракции меѓу кои е Божиќното село под ѕвездено небо, големите санки наменети за фотографирање, осветлените патеки за шетање, ресторан каде можете да испиете топол чај или кафе, тука е и приказот на Исусовиот гроб. Откако во магијата на оваа бајка ќе успееме да го пронајдеме детето во себе, го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 евра (16.060 денари)

Напомени

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотелите  „Livadic“ 3* и „Lavica“ 3* во Самобор
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „Bristol“ 4**** во Опатија
  • Организиран разглед на Самобор, Загреб и Опатија со локален туристички водич
  • Вклучена влезница во Музејот во Самобор
  • Излет до Грабовица со вклучена влезница во SalajLand
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба – 80 евра (за трите вечери)
  • Туристичка такса во Самобор и Опатија (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за трите вечери
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 15. Ноември 2022

Галерија

Декемвриски патувањаБожиќен маркет