Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЛАРИСА


(СО ПОСЕТА НА МЕТЕОРИ И ТРИКАЛА)

(16.12.2022-18.12.2022)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра (8.000 денари)

Секоја година градот Лариса е домаќин на „Паркот на желбите“ во паркот Алказар, каде посетителите можат да си подготват божиќна желба и да чекаат Дедо Мраз да ја исполни…Составете ја Вашата листа со желби и отпатувајте оваа година во Лариса за да ги збогатите вашите Божиќни спомени со незаборавно искуство!

Програма

Прв ден: 16.12.2022 година (петок)

04:00 часот Заминување на групата од  Скопје и во 05:30 часот од Кавадарци  (пред туристичките агенции) кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин  Евзони со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Лариса во претпладневните часови. Градот се наоѓа на реката Пинеос во средината на Тесалиската рамнина  и според бројот на жителите е четврти по големина во Грција. Сместување на групата во хотелот „Helena“ 2* ( https://www.helena.gr/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности во градот кој секоја година во паркот Алказар ги воодушевува сите кои посакуваат токму тука да го доживеат највозбудливиот Божиќ. Замрзнато езеро, шарен забавен парк, шеќерна куќа, Божиќниот пазар и други изненадувања ќе бидат поставени во Алказар кој ќе биде исполнет со шарени украси, гламурозни светилки, новогодишни елки, ѕвезди, ангели, подароци и слатки…Ноќевање.

Втор ден: 17.12.2022 година (сабота)

Појадок. Организирано заминување на групата кон Метеори во близина на грчкиот град Каламбака, Западна Тесалија, област позната по  православните манастири прочуени по својата несекојдневна положба. Изградени високо на карпите тие наликуваат на камења кои лебдат и се сметаат за највредна збирка на манастири во Грција после манастирите на Света Гора. Метеорите се изградени на карпи стари околу 60 милиони години и денес се наоѓаат на списокот на културно богатство на УНЕСКО. Се смета дека уште во 11. век тука престојувале монаси кои се качувале  до манастирите во мрежи од коноп. Дури во почетокот на 20-от век биле направени скали кои денес водат до манастирите. Од вкупно 20 манастири колку што биле во почетокот, денес се останати само шест. Организирана посета на манастирот на големиот Метеорон, односно Манастирот „Преображение Христово“. Манастирот го изградиле монасите од Света Гора на карпа висока  400 метри и на околу 600 метри над нивото на морето. Слободно време за индивидуален разглед на манастирот и за уживање во импресивната глетка на целото пространство под карпите. Потоа продолжуваме кон  Трикала, градот во кој повеќе од десетина години секој декември оживува најсонливото божиќно село во Грција. Тоа е најголемиот бесплатен божиќен  парк…токму тука Дедо Мраз и неговите џуџиња решиле да ја изградат својата фабрика за играчки и бонбони која секоја година привлекува повеќе од еден милион посетители. Слободно време за прошетки низ овој забавен парк. Во договореното време враќање во Лариса. Ноќевање.

Трети ден: 18.12.2022 година (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон клисурата Темпа, омиленото место на богот Аполон и Музите кое во Тесалија се смета за свето место. Долината е долга 10 км и широка околу 25 метри и низ неа тече реката Пинеос пред да се влие во Егејското Море.  Посета на црквата посветена на Света Петка, како и изворот со лековита вода. Потоа го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје во доцните вечерни часови.

Услови и напомени

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Helena“2** во Лариза
  • Целодневен излет до Метеори и Каламбака
  • Влезница за Метеорите
  • Посета на клисурата Темпа и црквата Света Петка
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Лариса (се плаќа во агенцијата) – 125 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 05. Декември 2022

Галерија

Декемвриски патувањаБожиќен маркет