Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Мини одмор Кавала- Грција


Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос

(15.09.2022 – 18.09.2022)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Програма

Прв ден:15.09.2022 (четврток)

02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 03:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции)кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциранво строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и за плажа (во близина на хотелот е градската плажа во Кавала, а на последниот спрат од хотелот има отворен базен чие користење е вклучено во цената)Во попладневните часови организирано разгледување на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.

Втор ден: 16.09.2022 (петок)

Појадок. Во претпладневните часови организирана посета на преубавата плажа Ammolofoi Beach(Nea Peramos). Слободно време за плажа, а во договореното време враќање назад во хотелот. Слободно попладне за индивидуални активности. Можете да го користите отворениот базен на последниот спрат од хотелот или индивидуално да прошетате низ градот. Ноќевање.

Трети ден: 17.09.2022 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија – клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледувањето на манастирот заминуваме кон една од најубавите плажи на Тасос – Aliki. Слободно време за плажа. Во попладневните часови заминување на групата кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена чиста вода која тече надолу од планините до селото по канали кои го пленат секој кој ќе ги види. Враќање во Лименас, а потоа со фериброд во Керамоти. Ноќевање.

Четврти ден: 18.09.2022 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Неа Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време за плажа и ручек (факултативно).Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Услови и напомени

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со автобус на наведената релација

– Три ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ***

– Организиран разглед на градот

– Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за фериброд

– Посета на туристичкото место Ираклица

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…1,5 евро по лице од вечер

– Доплата за еднокреветна соба…..45 евра (за три ноќевања)

– Деца до 6 години бесплатнодоколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници