Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

БОЖИЌЕН МАРКЕТ

 Љубљана

12.12.2023 – 14.12.2023 | 2 ноќи – 3 дена | Лет од Скопје

✈️   Авионска програма ✈️

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопишлив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле.

Програма на патување

1 ден. ( 12.12.2023 ВТОРНИК )     СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА 

Состанок на групата два часа пред лет (во 04:00 часот) на аеродромот во Скопје. Летот за Љубљана W6 7783 е во 06:05 часот. Слетување во Љубљана во 07:45 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола следи разглед на градот:  Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Сместување во хотел. Слободно попладне за уживање во Божиќната магија. Ноќевање.

 

2 ден. ( 13.12.2023 СРЕДА )           БЛЕД И БОХИЊ 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или предлагаме факултативен излет до Блед и Бохињ.   Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

3 ден. ( 14.12.2023 ЧЕТВРТОК )   ЉУБЉАНА –  СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел до 12 часот. Слободно време за уживање во Божиќната бајка и можност за шопинг. Попладнето трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21:40 часот со лет бр. W6 7784. Слетување во Скопје во 23:15 часот.

Ценовник

 ЉУБЉАНА – ДЕКЕМВРИ 2023

АВИОНСКА ПРОГРАМА
ХОТЕЛ 3*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 12.12 – 14.12.2023
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 12.12 – 14.12.2023
УСЛУГИ 2 BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 2Н / 3Д
  Цена по лице во двокреветна соба 329 € / 20.398 мкд
  Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 31.Октомври 290 € / 17.980 мкд
  Доплата за еднокреветна соба 55 € / 3.410 мкд

Напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација   Скопје – Љубљана – Скопје со Wizz Air

– Аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Љубљана

– Сместување во хотел ibis Styles Ljubljana Centre 3* на база 2 ноќевања со појадок

– Разглед на Љубљана со локален водич според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за багаж:

*WIZZ Priority кабински багаж до 10 кг – 2300 мкд

*чекиран багаж – куфер до 10кг – 2400 мкд

*чекиран багаж – куфер до 20кг – 3200 мкд

*( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

– Туристичка такса  7€ (430 денари, се плаќа во агенција)

– Посета на Блед и Бохињ – 70€ (превоз и локален водич на српски јазик) – резервација се прави при уплата во агенција!

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Дополнителни оброци и пијалоци

– Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).

– Доплата за еднокреветна соба 3400  денари

Галерија