ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..
БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО ВИЕНА
Посета на Будимпешта и Братислава
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 179 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 €
Програма на патување
1 ден 07.12.2023
Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 08.12.2023
Во претпладневните часови пристигнуваме во еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг…Во договорено време со водичот собир со групата и поаѓање кон Виена. По пристигнувањето започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 09.12.2023
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија. Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во пладневните часови, можност за посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич:средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Следува слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
4 ден 10.12.2023
Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на Виена…слободно време за индивидуални прошетки и активности. По прошетките се упатуваме према Будимпешта, град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Во вечерните часови, поаѓање за Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 11.12.2023
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.
Ценовник
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 179 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 €
Напомени
- Во цената е вклучено:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Сместување во хотел со 3* во Виена / 2 ноќевања со појадок
- Посета на шопинг центар Парндорф
- БУДИМПЕШТА – Вклучено во цената
- Лиценциран пратител за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Разглед на Виена со локален водич– 15€
- Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50€
- Излет Братислава( превоз, разглед со локален водич)- 30€
- Задолжително патничко осигурување –информации во агенција !
Доплата за еднокреветна соба – 60 еу
Туристичка такса 2€ по ден по лице
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице за селекција на седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да биде валиден минимум 3 месеци од денот на ваќањето.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За патувањето важат општите услови на патување.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.