Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Амстердам


ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15.01 : 489 € (30.320 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 559 €  (34.660 денари)

Ветерници,лалиња,кломпи,Хајнекен,Ајакс… се се тоа познати работи по кои надалеку се познати Амстердам и Холандија.И секако не само по тоа… Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво.
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција.Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.

Програма

07.03.2024 (Четврток) СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 12:40 и слетува во 15:35 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

08.03.2024 (Петок) АМСТЕРДАМ

Појадок.Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус): Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите). Можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност, особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часовиСлободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотел.Ноќевање.

09.03.2024 (Сабота) АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

10.03.2024 (Недела) АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото Маркермер. Враќање во хотел.Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 17:40 часот, пристигнување во 20:15 часот на аеродромот во Скопје.

Услови и напомени

Во цената е вклучено:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје;

  • Аеродромски такси;

  • Рачен кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см);

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам;

  • Организиран разглед на Амстердам со локален водич;

  • Сместување во Хотел во околината на Амстердам на база 3 ноќевања со појадок;

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

    Во цената не е вклучено:

  • Голема Холандска Екскурзија 100 евра (6.200 ден)

  • Мала Холандска Екскурзија 70 евра (4.340 ден)

  • Крстарење по каналите на Амстердам 25 евра (1.550 ден)

  • Туристичка такса 21 евра (по 7 евра од ноќ)

  • Вечерна прошетка по најпозната RED LIGHT DISTRICT – 20 евра (1.240 ден)

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување

  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ТРЕБА ДА ИМА ПРИЈАВЕНО МИНИМУМ  15 ПАТНИЦИ !

Галерија

8ми МАРТ