Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Карневал во ВЕНЕЦИЈА


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 333 евра (20.650 денари)

10 Февруари | Авион | 4 дена

Верона, Мурано и Бурано

Хотел Lugano 4*

Програма

10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Венеција во 12:35 и слетување во 14:30 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

11. Февруари (Недела) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.

12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:00 и слетување во 16:45 часот.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 333 евра (20.650 денари)

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)

  • Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно

– Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Венеција/ Местре со 3 ноќевања со појадок

– Разглед на Венеција

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)

– Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg

– Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра

– Посета на Верона 50 евра

– Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)

– Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија