Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

НЕДЕЛА ВО РИМ


5 дена / 4 ноќевања

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан.

Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…Секако, сите патишта водат кон Рим…

Програма

1 ден 27.02 (Вторник) | Скопје  – Рим

Состанок на групата  на аеродром  Скопје во 17:30 часот. Полетување за Рим во  19:30 часот,  очекувано пристигнување 21;30. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден 28.02 ( Среда ) | Рим

Појадок. Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува  (Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент…Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во Хотелот. Ноќевање.

3 ден (четврток )29.02 | Рим  

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар….

Во попладневни часови враќање во хотел со локален превоз. Слободни активности. Ноќевање.

3 ден (вторник) 01.03 | Рим  

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат Римскиот форум и Колосеум, со локален водич –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо. Слободни активности. Враќање во Хотел. Ноќевање

5 ден 02.03 (сабота) | Рим – Скопје

Појадок во хотел и одјавување.Го оставаме багажот на рецепција и  Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Слободно време за индивидуални активности (италијанско еспресо, фамозната италијанска пица и шопинг во Рим).

Tрансфер до аеродром во 20ч00 , полетување кон Скопје во 23 35 часот Пристигнување во Скопје во 01:20 на 03.03

Ценовник

Услови и напомени

Во цената на аранжманот е вклучено:

Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;  со вклучени Аеродромски такси

Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;

4 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центар на Рим

Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за (куфер);

Туристичка такса – 6 € по лице на ден

Билети за јавен превоз;

Задолжително Патничко осигурување – 250 денари

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.За оваа програма важат општите услови за патување.

Факултативни излети

Цени за Факултативи:

Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич   15 €

Организирана факултативна посета на Ватикан, и Систинската капела – 60 € (со локален водич и влезница)

Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este – 65 €;

Организирана факултативна посета на Антички Рим – 30 € (со локален водич )

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција, најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место