Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

ШВАЈЦАРИЈА 18.10


БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА

(Лозана, Женева, Монтре,Берн, Цирих, Луцерн)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 777€/ 48.180мкд

ПРОМО ЦЕНА 699€ / 43.340мкд

БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА

(Лозана, Женева, Монтре,Берн, Цирих, Луцерн)

Програма

18 октомври     Скопје – Базел – Цирих

Состанок на групата во 05.25 часот на скопскиот аеродром. Летот на Визер за Базел е во 07.25 часот. Слетување во 09.45 часот.  Организиран трансфер до Цирих. Пристигнување и разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица… Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање. 

19 октомври     Цирих – Луцерн

ПојадокПрепорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концертна сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година. Посета на фестивалот на сирењето…. Враќање во ЦирихСлободно попладне. Ноќевање. 

20 октомври     Цирих – Берн – Лозана

Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн… Пристигнување во Лозана во попладневните часови, сместување во хотел. Разглед на Лозана – седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час  испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Ноќевање 

21 октомври     Лозана – Монтре – Женева

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Монтре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманието го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева.  Разглед на Женева,  еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палaтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d’Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот… Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање. 

22 октомври     Лозана – Базел – Скопје

Појадок. Трансфер до аеродром во Базел. Лет на Визер во 20.45 часот. Пристигнување во Скопје во 23.00 часот.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 777€/ 48.180мкд

ПРОМО ЦЕНА 699€ / 43.340мкд

Галерија

Авио