Барселона – По стапките на Гауди 65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен излет – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди.
Разгледувањето го започнуваме со Саграда Фамилија, најпознатото дело на Антони Гауди и симбол на Барселона. Надворешно разгледување, запознавање со приказната за оваа несекојдневна базилика и време за фотографирање.
Продолжуваме кон Пасеиг де Грасија, една од најубавите градски авении, каде што се наоѓаат познатите Каса Мила – Ла Педрера и Каса Батљо. Нивните необични фасади, бои и форми се најдобриот вовед во светот на Гауди.
Следува панорамско разгледување со автобус кон Плоштадот Шпанија и Монжуик, со олимпискиот комплекс и прекрасните погледи кон градот и пристаништето. Продолжуваме кон споменикот на Колумбо и Порт Вел, каде што Барселона се отвора кон морето.
Слободно време за ручек (препорака за дегустација на локална храна и посета на тапас барови), кафе или прошетка покрај пристаништето / плажата Барселонета.
Коста Брава – Тоса де Мар и бодега 50 € (деца до 12: 25 €)
Се упатуваме кон Тоса де Мар, едно од најшармантните места на овој дел од шпанскиот брег. Прошетка низ Вила Веља, старото градско јадро опкружено со средновековни ѕидини, со камени улички и прекрасни погледи кон морето. Слободно време за фотографии, кафе покрај плажата и уживање во атмосферата на местото.
Излетот продолжува со посета на традиционална бодега, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со локалните вина и да уживаме во дегустација на шпански вкусови.
Барселона – Готска Четврт и Ла Рамбла 35 € (деца 2–12: 25 €)
Разгледувањето го започнуваме од Плоштадот Каталонија, а потоа влегуваме во Готскиот кварт, историското срце на градот. Прошетка низ тесните улички и плоштади, надворешно разгледување на Катедралата на Барселона и посета на Плоштадот Сант Жауме, каде што се наоѓаат Градското собрание и седиштето на каталонската влада.
Продолжуваме кон живописниот Плоштад Рејал и познатата Ла Рамбла, шеталиштето што најдобро го доловува ритамот на Барселона. Посета на Ла Бокерија, прочуениот пазар со богата понуда на свежо овошје, локални специјалитети и шпански деликатеси.
По разгледувањето, слободно време за ручек, шопинг и индивидуално уживање во градот.
Вечерна фламенко програма зависи од бројот на заинтересирани
Вечерна посета со организиран превоз.
Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!