ГРЦИЈА – ТУРЦИЈА – ИЗРАЕЛ – КИПАР
ПИРЕЈА, САНТОРИНИ, КУШАДАСИ, ХАИФА, ЛИМАСОЛ, МИКОНОС
Поаѓање: 18. Јуни 2023
9 дена / 8 ноќи
Ценовник
ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА-КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)
Дата на поаѓање | Услуга | Цена во внатрешна кабина по лице | Цена во прозорска кабина по лице | Цена во балконска кабина по лице |
18. Јуни 2023 | FB (Полн пансион) | 989 € | 1149 € | 1359 € |
Еднокреветна кабина | На барање |
3 и 4 возрасно лице над 18 години во сите типови кабини 698 €
Деца до 18 години во сите типови кабини 499 €
Програма
Ден | Датум | Пристаниште | Пристигнување | Заминување |
1. Недела | 18. 06. 2023 | Пиреја Piraeus (Athens), ГРЦИЈА | – | 22:00 |
2. Понеделник | 19. 06. 2023 | Санторини Santorini, ГРЦИЈА | 08:00 | 18:00 |
3. Вторник | 20. 06. 2023 | Кушадаси Kusadasi, ТУРЦИЈА | 08:00 | 18:00 |
4. Среда | 21. 06. 2023 | Ден на море (Пловидба) | – | – |
5. Четврток | 22. 06. 2023 | Хаифа Haifa (Jerusalem), ИЗРАЕЛ | 08:00 | 20:00 |
6. Петок | 23. 06. 2023 | Лимасол Limassol, КИПАР | 07:00 | 14:00 |
7. Сабота | 24. 06. 2023 | Миконос Mykonos, ГРЦИЈА | 16:00 | 23:59 |
8. Недела | 25. 06. 2023 | Миконос Mykonos, ГРЦИЈА | 00:01 | 02:00 |
8. Недела | 25. 06. 2023 | Пиреја Piraeus (Athens), ГРЦИЈА | 08:00 | – |
Ден / Место | Програма на патување |
1. ден (18.06.2023)
СКОПЈЕ – АТИНА (Piraeus) |
Поаѓање од Скопје во 00:00 часот од паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Патување за Атина со попатни паузи. Пристигнување во Атина околу пладне. Панорамски разглед на Атина до времето на укрцување на бродот. Атина е главен и најголем град на Грција. Атина доминира во регионот на Атика и е еден од најстарите градови во светот, со нејзината запишана историја која се протега над 3.400 години и нејзиното најрано човечко присуство кое започнува некаде помеѓу 11 и 7 милениум п.н.е. Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулка на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатокот од тогаш познатиот европски континент. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културата, науката. Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат. Нејзините уметници Фидије и Поликлет и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста. Политичката Атинска школа и денес е активна исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златната доба. По разгледот на Атина, продолжуваме кон пристаништето Пиреја. Укрцување на бродот во 18:00 часот.
Испловување на бродот во 22:00 часот. |
2. ден (19.06.2023)
САНТОРИНИ |
08:00 – 18:00 Санторини. Слободен ден за разгледување на Санторини
Санторини е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското Море, околу 200 км југоисточно од копното на Грција. Исто така е познато под името Тера (Θήρα). Ја сочинуваат најјужниот член на групата острови Киклади, со површина од приближно 73 км2 и според пописот на население од 2001 година со население од 13.670 жители. Вечната убавина на Санторини Грција привлекува илјадници посетители секоја година. Оттука, не е ни чудо што островот е една од врвните туристички дестинации во светот. Неговиот див вулкански пејсаж, нерамните карпи, дивата природа и прекрасните брегови, во комбинација со неговата богата историја и традиции, го прават островот скапоцен камен на Грција. Санторини ја добил сегашната форма на полумесечина околу 1.650 п.н.е. по огромна вулканска ерупција. Во античко време, неговата форма била тркалезна и, всушност, еден мит тврди дека островот излегол од морето на чудесен начин. Сепак, интензивната вулканска ерупција елиминирала околу половина од островот, ја покрила со пепел минојската населба Акротири на југот на островот и ги подигнал брановите толку високо што стигнале до северните брегови на Крит и ги уништиле минојските градови, вклучувајќи ја и познатата палата Кносос. Денес половина од калдерата е потопена, што ја прави единствената потоната калдера во светот. Вулканот останува активен и, низ вековите, повремено се случувале многу ерупции. Последното било дури во 1956 година кога од дното на калдерата се појавиле мали вулкански островчиња. Во една од овие ерупции, островчето Неа Камени се појавило веднаш спроти селата на калдерите. Препорачуваме факултативен разглед: Вулканот Калдера и жешкте извори на Санторини – 65EUR по лице. Испловување на бродот во 18:00 часот. |
3.ден (20.06.2023)
КУШАДАСИ |
08:00 – 18:00 Кушадаси. Слободен ден за разгледување на Кушадаси.
Кушадаси (турски: Kuşadası) — приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија, Ирска, земјите на Бенелукс и поранешна СФРЈ. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи. Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65 км. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 км, односно 120 км. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси. Препорачуваме факултативен разглед: Посета на археолошкот локалитет Ефес и Куќата на Девицaта Марија – 42EUR по лице Испловување на бродот во 18:00 часот. |
4. ден (21.06.2023)
ПЛОВИДБА |
Ден за уживање во содржините на бродот |
5. ден (22.06.2023)
ХАИФА |
08:00 – 20:00 Хаифа Израел. Слободен ден за разгледување на Хаифа.
ИЗРАЕЛ – Земја каде се преплетуваат минатото и сегашноста, неверојатно разновидна и многу драматична. Иако по површина е мала, оваа земја е од непроценливо значење за припадниците на трите најголеми светски религии , бидејќи во Израел се вкрстуваат патиштата на Еврејските, Муслиманските и Христијанските Аџии. Хаифа — град во Израел со население од околу 280.000 жители и уште 300.000 во неговата непосредна околина. Градот се наоѓа на брегот на Средоземното Море, под планината Кармел, која е прогласена за национален парк. Во Хаифа се наоѓаат неколку свети места од неколку различни религии: Кабабир – мала заедница (село) населено со припадниците на муслиманската секта на Ахмед. Селото се наоѓа во непосредна близина на центарот Кармел, а во селото се наоѓа џамијата на Махмуд. Пештерата на пророкот Илија (Ме’арат Елијаху) Манастирот Stella Maris. Градината на Бахаи со светилиштето – светски центар на религијата Бахаи Во центарот на градот, од Градината Бахаи до пристаништето Хаифа, долж авенијата Бен Гурион се протега Германската колонија, која е една од главните туристички знаменистости на Хаифа. Препорачуваме факултативен разглед: Бахаиски градини, древниот град Ако и витезите Темплари – 65EUR по лице Испловување во 20:00 часот. |
6. ден (23.06.2023)
ЛИМАСОЛ (Кипар) |
07:00 – 14:00 Лимасол. Слободен ден за разгледување на Лимасол. Лимасол или Лемесос (грчки: Λεμεσός – Lemesos; турски: Leymosun) — втор по големина и најважниот град во Кипар. Истовремено и најголемо пристаниште во Кипар, во последните неколку децении станал многу значаен туристички центар. Се наоѓа меѓу двата антички града Аматус и Куријон. Непосредно западно од Лимасол е подрачјето Акротири, каде се наоѓа воената база на Обединетото Кралство. Лимасол се наоѓа на јужниот брег на островот Кипар. Од главниот град Никозија, е оддалечен 75 километри на југозападно, а од Ларнака 60 км западно. Лимасол се наоѓа на Акротирскиот Залив на Средоземното Море, на 0-30 метри надморска височина. Климата во Лимасол е средоземна со елементи на сува, степска клима. Просечната годишна температура е 25 степени, а количеството на врнежи е околу 410 мм/мм2.
Препорачуваме факултативен разглед: Храмот на Аполо, замокот Колоси и лозарската култура на Кипар – 59EUR по лице Испловување на бродот во 14:00 часот. |
7. ден (24.06.2023)
МИКОНОС |
16:00 – 23:59 Миконос. Слободен ден за разгледување на Миконос. Миконос е грчки остров, дел од Кикладите, лежи помеѓу Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Островот има површина од 85,5 квадратни километри и се издигнува на надморска височина од 341 метри на својата највисока точка. Островот е познат и како ,, Островот на ветровите“. Главен град е градот Миконос. Градот е познат и како Хора. Туризмот е најголемата индустрија на островот Миконос кој е познат по својот живописен ноќен живот. Миконос има типична средоземна клима. Сонцето сјае до 300 дена во годината. Дождовната сезона трае од октомври до март. Препорачуваме факултативен разглед: Градски разглед на Миконос – 55ЕУР по лице Испловување во 20:00 часот. |
8. ден и 9. ден (25.06.2023)
МИКОНОС – АТИНА |
Испловување од Миконос во 02:00 по локално време на 25.06.2023. Пристигнување во Пиреја во 08:00 часот. Го напуштаме бродот околу 10:00 – 11:00 часот. Не чека нашиот автобус и тргнуваме накај Скопје. Возење со автобус 10-12 часа. Пристигнување во Скопје околу полноќ. |
Услови и напомени
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Скопје Пиреја (Атина) Скопје
Пристанишни такси 140 € по лице
Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на MSC MUSICA на база Full board (појадок, ручек, вечера и закуски)
Панорамски разглед на Aтина 18.06.2023
Водич и пратител од Скопје
Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Меѓународно патничко здравствено осигурување со ковид покритие и покритие од откажување на аранжман МКД 370 (Еуролник)
Факултативни излети
Напојници на бродот 12 € на ден по лице
Пијалоци на бродот
СМЕСТУВАЊЕ: Брод МСЦ МУЗИКА. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА: За реализација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК: До 30 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.
Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најава.
Важат општите услови на патување на СКТМ.