Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила КЛЕОН е нова вила која што e во сопствен закуп на т.а.ОРБИТА и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.
Вила Kleon – Ксамил
15% попуст за резервација и целосна уплата до 28.02.2023
10% попуст за резервација и целосна уплата до 31.03.2023
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.04.2023
Ценовник
ВИЛА КЛЕОН 2023 Климата е вклучена во цената*** | |||
Термин | Ноќевања | 1/2 студио | 1/3 студио |
03.06 – 10.06 | 7 | 159 | 179 |
10.06 – 17.06 | 7 | 179 | 199 |
17.06 – 24.06 | 7 | 209 | 229 |
24.06 – 01.07 | 7 | 229 | 249 |
01.07 – 08.07 | 7 | 289 | 309 |
08.07 – 15.07 | 7 | 329 | 349 |
15.07 – 22.07 | 7 | 349 | 369 |
22.07 – 29.07 | 7 | 349 | 369 |
29.07 – 05.08 | 7 | 349 | 369 |
05.08 – 12.08 | 7 | 349 | 369 |
12.08 – 19.08 | 7 | 349 | 369 |
19.08 – 26.08 | 7 | 339 | 359 |
26.08 – 02.09 | 7 | 289 | 309 |
02.09 – 09.09 | 7 | 199 | 219 |
09.09 – 16.09 | 7 | 189 | 209 |
Превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 60€по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€по лице
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 60€по лице
- Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола – 60€по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) – 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 55€
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 65€по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 65€по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Сатници на поаѓање:
- 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
- 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
- 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
- 00:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
- 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Услови и напомени
Напомени:
- ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
Попусти:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
Плаќање:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
Опис на сместувањето:
- 1/2 – Студио на приземје
- Студиото е 18м2, има голем брачен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
- 1/3 – Студио на приземје
- Студиото е 22м2, има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата