Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Палма – Бечичи


20% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 01.01.2023

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

9 пoлу пансиони ( појадок и вечера) со вклучен превоз !!!

Категории , ,

БЕЧИЧИ е познато летувалиште кое се наоѓа на 4км од центарот на Будва. Карактеристично по неговата долга и широка песочна плажа од скоро 2км. Бечичи е центарот на туризмот и во овој дел се наоѓаат најголемите луксузно хотели, има огромен број на ресторани и кафулиња. Шеталиштето во Бечичи ќе ве однесе директно во Стариот град во Будва.

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250 м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.

Вилата располага со 1/2 и 1/3 соби како и  1/3 и 1/4 студија. Студијата се со  мини кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима, тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Вилата нема сопствен паркинг. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Ценовник

Услови и напомени

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот, за сместување во 1/4 соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 70% од цената на аранжманот, за сместување во 1/3 соба

-Попуст за лица над 12год – 20% попуст

– Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна

ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра )

* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

НАПОМЕНА

  • за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  • доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се МЕНУВА цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2023
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Галерија

Лето 2023