Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот..
Се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата во Будва. Вилата располага со 1 / 2 и 1 / 4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1 / 6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена мини кујна и клима. Доплата за користење на клима 5 евра дневно по соба.
Услови и напомени
Цените се дадени по особа за 9 ноќевања со вклучен превоз. Цените се изразени во евра за уплата во денарска противредност ( 1 евро=62 ден)
Во цената не е вклуцена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
Сместување во студио 1 / 4 минимум 3 лица ,
во апп 1 / 4 +1 минимум 4 лица ,
во апп 1/6 минимум 5 лица ,
преку дозволениот број на кревети може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
НАПОМЕНА
- за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
- доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
- сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
- при промена на цените ( зголемување или намалување) немада се промени цената на веќе договорената услуга.
- за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата 01.04.2023
- за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.