Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила „Lena“ – Неа Рода

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот  „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena, нова вила во нашата понуда за ова лето. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsaкоја уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од вилата се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

Ценовник

Вила „Lena” – Нea Рода
 

Термин:

 

Ноќи:

 

1/2 студио

 

1/4 апартман

 

1/5 апартман

1/5 апартман
(море)
26.0505.06.2022 10 250 (15.500 ден.) 370 (22.940 ден.) 400 (24.800 ден.) 420 (26.040 ден.)
05.0615.06.2022 10 300 (18.600 ден.) 420 (26.040 ден.) 450 (27.900 ден.) 470 (29.140 ден.)
15.06-25.06.2022 10 350 (21.700 ден.) 470 (29.140 ден.) 500 (31.000 ден.) 520 (32.240 ден.)
25.06-05.07.2022 10 400 (24.800 ден.) 520 (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 570 (35.340 ден.)
05.07-15.07.2022 10 450 (27.900 ден.) 570 (35.340 ден.) 600 (37.200 ден.) 620 (38.440 ден.)
15.07-25.07.2022 10 500 (31.000 ден.) 620 (38.440 ден.) 650 (40.300 ден.) 670 (41.540 ден.)
25.07-04.08.2022 10 500 (31.000 ден.) 620 (38.440 ден.) 650 (40.300 ден.) 670 (41.540 ден.)
04.08-14.08.2022 10    500 (31.000 ден.) 620 (38.440 ден.) 650 (40.300 ден.) 670 (41.540 ден.)
14.08-24.08.2022 10 500 (31.000 ден.) 620 (38.440 ден.) 650 (40.300 ден.) 670 (41.540 ден.)
24.08-03.09.2022 10 450 (27.900 ден.) 570 (35.340 ден.) 600 (37.200 ден.) 620 (38.440 ден.)
03.0913.09.2022 10 350 (21.700 ден.) 470 (29.140 ден.) 500 (31.00 ден.) 520 (32.240 ден.)
13.09-23.09.2022 10 270 (16.740 ден.) 390 (24.180 ден.) 420 (26.040 ден.) 440 (27.280 ден.)

Напомени

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00    часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Галерија

Лето 2022