Вилата „Sole A Mare“ се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветно студио и четирикреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Вила „Sole A Mare“ – Неос Мармарас
Ценовник
Вила „Sole A Mare” – Неос Мармарас | |||
Термин: |
Ноќевања: |
1/2+1 студио (улица) |
1/4 апартман (море) |
20.05-30.05.2022 | 10 | 230 € (14.260 ден) | 390 € (24.180 ден) |
30.05-09.06.2022 | 10 | 280 € (17.360 ден) | 440 € (27.280 ден) |
09.06-19.06.2022 | 10 | 330 € (20.460 ден) | 520 € (32.240 ден) |
19.06-29.06.2022 | 10 | 380 € (23.560 ден) | 670 € (41.540 ден) |
29.06-09.07.2022 | 10 | 480 € (29.760 ден) | 720 € (44.640 ден) |
09.07-19.07.2022 | 10 | 580 € (35.960 ден) | 760 € (47.120 ден) |
19.07-29.07.2022 | 10 | 580 € (35.960 ден) | 760 € (47.120 ден) |
29.07-08.08.2022 | 10 | 580 € (35.960 ден) | 760 € (47.120 ден) |
08.08-18.08.2022 | 10 | 580 € (35.960 ден) | 760 € (47.120 ден) |
18.08-28.08.2022 | 10 | 530 € (32.860 ден) | 720 € (44.640 ден) |
28.08-07.09.2022 | 10 | 430 € (26.660 ден) | 670 € (41.540 ден) |
07.09-17.09.2022 | 10 | 330 € (20.460 ден) | 520 € (32.240 ден) |
17.09-27.09.2022 | 10 | 280 € (17.360 ден) | 420 € (26.040 ден) |
Напомени
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на крвети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра