Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Куќа “Евангелиа“ – Јерисос

Попуст за рана резервација :

– 15% за вонсезонски цени / – 20% за сезонски цени

за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно 20 дена пред терминот на патувањето

Куќа “Евангелиа“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од песочната плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 4 наши квалитетни апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.

1/4 апартман број 5 – прв кат, со поглед кон градина, има тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и  има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
1/3+1 апартман број 6 – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со пространа тераса. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и одлична кујна со сите потребни елементи.
1/3+1 апартман број 2 – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, а стандарден кревет + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но тесна тераса која гледа кон градина. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
1/3+1 апартман број 3 – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со поглед море. Опремен е со одличен квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Ценовник

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3, 4 И 5 ЛИЦЕ
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА АПАРТМАН БР. 2 И 5-ГРАДИНА АПАРТМАН БР. 3 И 6-МОРЕ
03/07-10/07 7 499 519
10/07-17/07 7 509 529
17/07-24/07 7 529 549
24/07-31/07 7 529 549
31/07-07/08 7 529 549
07/08-14/08 7 529 549
14/08-21/08 7 529 549
21/08-28/08 7 519 539

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Напомени и услови

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра) Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување.

Галерија

Лето 2022