Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Cavo D’oro – Пефки


– 15% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА !!!

Villa Cavo D’Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, како и ТВ и клима уред. Ресторанот-пицерија кој е дел од оваа вила, на блиската плажа располага и со свои лежалки и чадори, кои со нарачан пијалок или кафе е можно да се користат во текот на денот.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

Ценовник со превоз

Ценовник без превоз

Опис на сместувачки капацитети

Прв кат:  
– Студио бр.20 тип 1/2+ 1 SV (еден брачен кревет со ширина 140 cm и еден единечен со ширина 90 cm)
– Студио бр.21 тип 1/2  (два единечни кревети со ширина 90 cm)
– Студио бр.24 тип 1/2+1  (еден брачен кревет со ширина 140 cm и  еден единечен со ширина  90 cm)
– Апартман бр.26 тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 140 cm и  еден единечен со ширина 90 cm)
Сите студија се опремени  со кујна (стд бр. 24 одвоена од собата), кујната е опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна, но немаат комарник. Тоалетот е со туш директно на плочки.
Околина: Во самата вилата се наоѓаат мини пицерија, на прва линија од плажа, место за паркирање на автомобили,во должина на шеталиштето има повеќе таверни и ресторани, фурна, мини маркет.
Чистење: студијата се чистат еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.
Забелешка: Има Wi Fi Internet.

Галерија

Лето 2024