Евија е најголем остров во Егејското море и втор по големина Грчки остров ( после Крит). Главниот град Халкида се наоѓа на средишниот дел на островот, поврзан е со копното со мост, одалечен од Атина околу 90км. Островот е со должина од 180км, а ширина од 6 до 45км.
Пефки е едно од најпознатите и омилени места за одмор на северниот дел ос островот. Со своето скоро 4км долго шеталиште и плажа, зеленило и природни сенки, темно сината боја на морето е идеално место за оноие кои сакаат вистински да се одморат. Во Пефки може да купите штотуку уловена риба или морски плодови, квалитетно маслиново масло и маслинки. Вашиот одмор во Пефки збогатете го со некој излет: термалните бањи во Едипсос, Атина, крстарење до Скијатос, Вулканските острови (Lihadonisias)…
Вилata нема сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектot.
Вилата има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.
Вилата се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса, тоалет. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса, тоалет. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Услови и напомени
* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.
Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратси сместување)
65 евра за возрасни
45 евра за деца до 12 години
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
- За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
Промо цените се со пресметан попуст за рана уплата и не се одбива за патување со сопствен превоз.
- Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
НАПОМЕНА
- за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
- доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
- сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
- при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2023
- за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер