АМУДИА – Преубаво место помеѓу Парга и Превеза на брегот на Јонско море со тиркизно плаво море, песочна плажа, бујна вегетација, кафе – барови, ресторани и таверни. Баш тука митската река Ахерон се влива во морето. Покрај реката има убаво шеталиште со рибни таверни и многубројни рибарски и туристички бродчиња со кои може да се плови до изворот на реката Ахерон. Амудиа е право место за безгрижен фамилијарен одмор, пружа можност за активен одмор зашто во близина се најдуваат Парга, Превеза, Лефкада..
Вила ИОНИО на околу 80 – 90 м. од плажа, со убав двор, располага со: 1/2, 1/2+1 (1 дупли и 1 поединечен кревет) и 1/2+2 (еден дупли и два кревети на спрат за 2 возрасни лица и 2 деца) студија, опремени со кујна, купатило, тв, тераси. Климата е вклучена во цената.
Услови и напомени
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (плаќање во агенција).
Цените се изразени во евра (1 евро=62 ден.) за наем на студио за 7 ноќевања.
Автобуски превоз: Во 05:00 од Прилеп – Амудиа, 14.00 Амудиа – Прилеп.
Цена за превоз: 2800 ден повратнен билет. Деца до 14 г.=1800 денари
Напомена: Задолжително патничко здравствено осигурување – без франшиза до 65 год. = 300 ден, над 65 год. = 500 ден.
Во собите можат да се сместат онолку лица колку што има кревети.
Агенцијата организатор не може да ја гарантира брзината, ниту достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот како бесплатна услуга.
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
Собите се напуштаат во 9 ч, а сместувањето во 14 ч по локално време.
Плаќање на 3 рати + 5 % од цената.