Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Куќа „Семи“ – Неа Потидеа


Куќа „Семи“ е лоцирана во средишниот дел на Неа Потидеа, оддалечена околу 70-80 метри од море. Има мал убаво уреден простор – двор со скара. Околу неа има слободни места за паркинг.

Располагаме со 6 двокреветни, 5 трикреветни студија и 2 четирикреветни студија (едното со одвоена кујна), сите се со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

Ценовник

 

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
22/5-29/05 7 69 40
29/05-05/06 7 89 40
05/06-12/06 7 105 40
12/06-19/06 7 129 40
19/06-26/06 7 149 40
26/06-03.07 7 159 40

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/2 СТУДИО 1/3 СТУДИО 1/4 СТУДИО
03/07-10/07 7 290 320 370
10/07-17/07 7 330 370 420
17/07-24/07 7 350 420 450
24/07-31/07 7 350 420 450
31/07-07/08 7 350 420 450
07/08-14/08 7 350 420 450
14/08-21/08 7 350 420 450
21/08-28/08 7 330 370 420

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
28/08-04/09 7 165 40
04/09-11/09 7 149 40
11/09-18/09 7 105 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 69 40

Услови и напомени

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
    За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 2,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.  НЕ може да се гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување.

Галерија

Лето 2022