Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Куќа ,,Ана” – Неа Флогита


Куќа „Ана“ е лоцирана централно во Неа Флогита, во вториот ред куќи, на само 50 метри од плажа. Околу неа има слободни места за паркинг. Секој од апартманите е со по една спална соба во која има брачен – француски кревет и во втората соба каде што е комплетно опремената кујна има уште две одвоени легла. Опремена е со малку постар но квалитетен мебел. Имаат големи убави тераси со поглед на уличката. Сите имаат ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.

Ценовник

Вонсезоски цени (објаени по лицеза 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
19.5 – 26.5 7 109 55
26.5 – 2.6 7 139 55
2.6 – 9.6 7 159 55
9.6 – 16.6 7 179 55
16.6 – 23.6 7 199 55
23.6 – 30.6 7 219 55

 

Сезонски цена (објавени за наем на апартман за 7 ноќевања)

Термин Ноќевања Четирикреветен апартман
30.6 – 7.7 7 455
7.7–14.7 7 490
14.7 – 21.7 7 525
21.7– 28.7 7 595
28.7 – 4.8 7 595
4.8 – 11.8 7 595
11.8 – 18.8 7 595
18.8 – 25.8 7 595
25.8-1.9 7 525

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
1.9– 8.9 7 219 55
8.9–15.9 7 199 55
15.9–22.9 7 159 55
22.9 – 29.9 7 109 55

 

Напомени и услови

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот . Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.

Галерија

Лето 2024