Куќа “Blue and White” е сигурно една од најквалитетните и најдобро уредените и опремените куќи во Неа Флогита. Оценека на букинг има од 9.3 и е лоцирана во помирниот дел на Неа Флогита, на само 150 метри од плажа и 100 метри од центарот.
Располагаме со 4 високо квалитетни четирикреветни дуплекс апартмани на прв кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ЛЦД, ТВ, сопствени модерни тоалети, Wi-Fi клима уред вклучени во цената, пешкири, големи тераси и одличен мебел. Паркинг обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 50 метри, пекара на 200 метри додека најблискиот голем супермаркет е оддалечен на 150 метри.
1/4 дуплекс апартман бр. А1 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопствена тераса со поглед на улица, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.
1/4+1 дуплекс апартман бр. А2 – прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.
1/4 дуплекс апартман бр. B1 – први кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопственa тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во другата соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.
1/4+1 дуплекс апартман бр. B2 – прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.