Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Ева 2 – Неа Флогита


10 % попуст за резервации и уплати до 01.03.2023

попустот не важи за промо цени

Вила ,,Eva 2”  е лоцирана во центарот на Неа Флогита,  , на  30 метри од плажа. Располага со четири-креветни и пет-креветни апартмани, и  со комплетно опремени кујни, WC, тераси.

*Доплата за туристичка таска 0.5 еур на ден,(се плаќа во вилата).  

Ценовник

Термини Бр. ноќевања 1/4 /Апартман 1/5Апартман
20.05.2023-27.05.2023 7 130 промо 140 промо
27.05.2023-03.06.2023 7 190 промо 200 промо
03.06.2023-10.06.2023 7 260 270
10.06.2023-17.06.2023 7 300 310
17.06.2023-24.06.2023 7 360 370
24.06.2023-01.07.2023 7 420 430
01.07.2023-08.07.2023 7 470 480
08.07.2023-15.07.2023 7 540 550
15.07.2023-22.07.2023 7 540 550
22.07.2023-29.07.2023 7 540 550
29.07.2023-05.08.2023 7 560 570
05.08.2023-12.08.2023 7 560 570
12.08.2023-19.08.2023 7 540 550
19.08.2023-26.08.2023 7 470 480
26.08.2023-02.09.2023 7 420 430
02.09.2023-09.09.2023 7 370 380
09.09.2023-16.09.2023 7 300 промо 310 промо
16.09.2023-24.09.2023 7 210 промо 220 промо

Услови и напомени

*Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .

Услови под кои важи аранжманот

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • За возрасни 2.780 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2,170мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

•      Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

•      Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.  Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .

•      Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

•      Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.

Галерија

Лето 2023