На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
“Андромеда Јоанис ” – (прв категорија по локална категоризација). За оние кои сакаат мирен одмор, без градската гужва, но и оние кои сакаат удобност вила “Андромеда Јоанис ” можи да ви го понуди тоа. Лоцирана во мирниот дел на Пефкохори, на мал рид над црквата, одма под хотелот Атриум. Од центарот одалечена е на околу 300 м. а од плажата е околу 550м. или 8 мин одење. Во рамките на Вила “Андромеда Јоанис ” имате можност за користење на следново:
- два базени (голем и мал за деца),
- лежалки и чадори покрај базен( користењето е БЕСПЛАТНО), ТОАТАЛ – ТВ
- тушеви
- сауна (со доплата од 5 евра за 2 часа користење),
- скара (користењето е бесплатно, но месото и ќумурот ги обезбедувате сами),
- паркинг – БЕСПЛАТНО,
- остава каде последниот ден можи да се остави багажот
Објектот содржи трокреветни студија и четворокреветни апартмани, со прекрасни тераси (некои гледат во грдината некои на базен).
Студиа: Три кревети (кауч + два стандардни кревети), кујна (фрижидер, шпорет со рерна, садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.
Апартмани: Спална соба со француски или два стандардни кревети, дневна со софа, трпезарија, кујна (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.
Сликите служат да дадат општ впечаток за објектот. Содржината на објектот или апартманот, како и различните типови на соби може да се разликуваат.
Check in: 14:00h.
Check out:09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
GPS: 39.985320294732205, 23.6110449865084