Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила STRATOS – Пефкохори


10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26)
7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)  

Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во центарот, односно на пешачката улица од единствениот мал кружниот тек во Пефкохори која води кон плажата. Вилата располага со:  3+1 апартмани со една спална соба (брачен и единечен кревет во спалната соба и единечен кревет во кујната, купатило, две тераси, единечна и аголна тараса со поглед во дворот на вилата каде и од двете соби се излегува на тераса /  3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби (брачен и единечен кревет во едната спална соба, два единечни кревети во другата спална соба, одделна кујна помеѓу двете соби со трепезариска маса, голема аголна тераса со поглед кон пешачката улица на која се излегува и од двете спални соби). Сите апартмани се опремени со: кујна (со  прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, големи балкони (масичка со столчиња), ТВ, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен   интернет. Апартманите се на I и II кат. Апартманите се реновирина пролет 2024 година. Ви посакуваме пријатен престој.

Ценовник

Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во 3+1 Апартман со една спална соба
Бесплатно сместувањеза 5то лице во дуплекс АПТ /4+1/ со две спални соби

“Stratos”
Пефкохори
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
16 23 30 06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05 12 19
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
АПТ со 1 спална /3+1/ 145 175 205 245 285 335 635 695 775 835 835 835 835 835 765 345 305 265 205
Дуплекс АПТ /3+2/ 105 125 145 175 205 225 715 765 845 925 925 925 925 925 855 235 205 165 125
опис на ценовникот по лице со превоз цени за наем на апартман без превоз по лице со превоз

Услови и напомени

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална /3+1/ и 5-то лице во дуплекс АПТ /3+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат во дуплекс АПТ 5-то лице – БЕСПЛАТНО;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);

–  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува  -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

–  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

За овој аранжман важат општите услови на патување

Лето 2026