Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Aloni – Полихроно


Вила Алони се наоѓа на 90 метри од песочна плажа, и исто толку до самиот центар на Полихроно. Располага со трикреветни апартмани со одвоена кујна и спална со брачно и единечно легло. Кујната е целосно опремена според бројот на легла, има клима, интернет, ТВ, пространи балкони, реновирани тоалети во 2023 година.

Ценовник

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/3 Студио
19.05 7 130
26.05 7 160
02.06 7 190
09.06 7 270
16.06 7 330
23.06 7 370
30.06 7 410
07.07 7 450
14.07 7 490
21.07 7 490
28.07 7 490
04.08 7 490
11.08 7 490
18.08 7 490
25.08 7 440
01.09 7 370
08.09 7 290
15.09 7 230
22.09 7 180
29.09 7 150

Услови и напомени

НАПОМЕНИ:   

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

* Туристичка такса се плаќа на лице место.

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни

* 35 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Галерија

Лето 2024