Вилата Анастасија e на 80м. од широката плажа и на 100м од центарот на Полихроно. Се состои од 4 апартмани за 2-5 лица сместени на прв и втор кат.
Апартманите имаат 2 посебни соби, во првата соба има кујна комплет опремена (со содветен прибор за бројот на гости), фрижидер, шпорет, кауч на извлекување , во втората соба има брачен кревет, плус кревет на извлекување и балкон со поглед на соседните балкони на зградата.
Апартманите се опремени со туш кабина, ТВ, клима (бесплатно) и Wi-Fi интернет (безплатно). Пред вилата има широко место за оставање на колите. Комфорни соби, блиску до морето и до шеталиштето и до многуте содржини на Полихроно, го прави совршен избор за летен одмор.
Гостите се сместуваат во исчистени соби, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на апартманот се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Услови и напомени
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања за наем на соба
- Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
- Клима
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса: 0,5 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
- Превоз
- Патничко осигурување
ПРЕВОЗ:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- Скопје (Дрводекор) – 40еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 50еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 40еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 40еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 40еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или промена на цената на горивата.
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта или пасош.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање за резервации направи по редовна цена.
- Комплетна доплата до 01.06.2023 за резервации направи по промотивна цена.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
- Попустите не може да се комбинираат.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.